Лакот (мерка)
стара мерна единица
Лакот или лакт — стара антропоморфна мера за должина, историски застапена во размни земји, меѓу кои и Македонија.
Лакот | |
---|---|
Дефиниција на лакотот | |
Информации за мерката | |
Мерен систем | антропоморфни единици |
Единица за | должина |
Претворање на единици | |
1 лакот во ... | ... е еднакво на ... |
друга антропоморфна единица | ≈ 18 инчи (in) |
Историја
уредиПримената на оваа единица мерка е за првпат забележана во Египет и Месопотамија.
Особености
уредиЛакот претставува должина на раката од лактот до врвот на средниот прст. Според основната систематизација на антропоморфните единици мерки може да се изрази со 6-7 дланки или една половина стапка. Лакотот е 1/4 од човековата висина.
Поврзано
уредиЛитература
уреди- Хаџиева Алексиевска, Јасмина (Студентски збор, Скопје, 1985) „Мерки, антропоморфност и модуларни пропорции кај старата македонска куќа“