Раст (мерка)
Раст или човеков бој многу често се јавувал како мерка во одредувањето на висината на зградите, особено во Македонија, Србија и Босна. Големината на растот изнесува 6 стапки или 4 лакоти. Уште поприменувана мерка во оваа смисла е дофат, што претставува висина на човекот со крената рака и испружена дланка.
Поврзано
уредиЛитература
уреди- Хаџиева Алексиевска, Јасмина (Студентски збор, Скопје, 1985) „Мерки, антропоморфност и модуларни пропорции кај старата македонска куќа“