Лакадивско Море
Лаакдивско Море — водна површина западно од сојузната држава Керала во Индија, на која излегуваат Лакадивите (во состав на Индија), Малдивите и Шри Ланка. Морето е топло, со постојата температура низ годината и изобилува со морски свет, при што само Манарскиот Залив има 3.600 видови. Поважни градови на бреговите на Лакадивското Море се Тируванантапурам, Кочи, Коломбо, Колам и Мале.
Лакадивско Море | |
---|---|
Лакадивското Море (десно) на карта на регионот | |
Координати | 08°N 75°E / 8° СГШ; 75° ИГД |
Вид | море |
Сливни земји | Индија, Шри Ланка, Малдиви |
Површина | 786,000 км2 |
Прос. длабочина | 1.929 м |
Најг. длабочина | 4.131 м |
Опфат
уредиСпоред Меѓународната хидрографска организација, Лакадивското Море се протега:[1]
На запад. Линија од Садашивгад на западниот брег на Индија (14°48′N 74°07′E / 14.800° СГШ; 74.117° ИГД) до Корадив (13°42′N 72°10′E / 13.700° СГШ; 72.167° ИГД), а оттаму по западната страна на Лакадивите и малдивските архипелази до најјужната точка на атолот Аду во Малдивите.
На југ. Линија од ’ртот Дондра во Цејлон [Шри Ланка] до најјужната точка на атолот Аду.
На исток. Западните брегови на Цејлон и Индија.
На североисток. Адамовиот Мост (меѓу Индија и Цејлон).
Хидрологија
уредиТемпературата на водата е постојана во текот на годината, со 26–28 °С лете и 25 °С зиме. Соленоста изнесува 34 промили во средишниот и северниот дел и до 35,5 промили во јужниот. Бреговите се песокливи, но подлабоките делови се покриени со мил. Има голем број корални гребени како Лакадивите, кои се сочинети од атоли и имаат 105 видови корали.[2][3]
Жив свет и човекови активности
уредиМанарскиот Залив е познат по бисерните школки барем две илјади години. Римскиот научник Плиниј Постариот (I век) пофално се изразува за нуркачите во овој залив како најпродуктивни во светот.[4][5] Иако, во светот, собирањето на природни бисери се смета за неисплатливо, жителите на заливот и понатаму се занимаваат со оваа дејност.[6][7] Во поголема мера се собира и морскиот полжав „шанка“ (Xancus pyrum)[6] кој има верско значење како обреден предмет.
Друго традиционално знамање крај Лакадивското Море е рибарството. На Лакадивите се фаќаат 2.000 до 5.000 тони годишно, од кои повеќето отпаѓаат на туна (околу 70%) и ајкула. Крај гребените се ловат и костреши, полуклунари, шаруни, иглички и раи. Како мамец, островјаните користат ракчиња, бесклештари и мали риби како папалини, гребенски костреши и кардинали.[8]
Со околу 3.600 растителни и животински видови, Манарскиот Залив важи за едно од најбогатите морски живеалишта во светот. Од нив, 117 отпаѓаат на корали, 79 на ракови, 108 на сунѓери, 260 на мекотели, 441 на риби, 147 на морски треви и 17 на мангрови. ВКупно 44 вида се заштитени[9] Во 1986 г. Во 1986 г. е прогласен Морскиот национален парк Манарски Залив во кој влегува 21 остров со вкупна површина од 560 км2. Во 1989 г. паркот и неговиот заштитен појас се прогласени за биосферен резерват кој ги опфаќа морските површини, островите и соседните брегови, зафаќајќи 10.500 км2. Резерватот е строг и до него се доаѓа само со дозволи,[10] изземајќи ги мештаните, чија издршка зависи од рибарството. Заштитниот појас има 150.000 жители, од кои 70% живеат од уловот. Распоредени се во 125 рибарски села, со 35.000 активни рибари, 25.000 нуркачи по морски краставици и 5.000 жени кои собираат морски треви.[11][12] Во 2006 г. во Манарскиот Залив се уловени 106.000 тони риби, претежно маслени сардини (Sardinella longiceps), сардинели (Sardinella spp.), пони-риби (Letognathus sp.), скуша, пенеидни ракчиња, костреши, лигни (Sepioteuthis arctipinni), длабоководни јастози (Puerulus sewelli), краби (Varuna littorata) и раи.[13][14] Од морски треви, меѓу октомври и март се собираат плитководните видови како Gelidiella acerosa (марикожунду паси), Gracilaria edulis (канчи паси), саргасо (Sargassum spp., катакорај), Turbinaria (пакода паси) и морска марула (Ulva lactuca). Поради заштитните ограничувања на националниот парк, собирањето на морските треви е намалено од 5.800 тони (сува мера) во 1978 г. на 3.250 тони во 2003 г.[15]
Наводи
уреди- ↑ „Limits of Oceans and Seas, 3rd edition“ (PDF). International Hydrographic Organization. 1953. Архивирано од изворникот (PDF) на 2011-10-08. Посетено на 7 February 2010.
- ↑ Coral Reefs of India: Review of Their Extent, Condition, Research and Management Status by Vineeta Hoon, Food and Agriculture Organisation of the United Nations
- ↑ Status of Coral Reefs of India Архивирано на 10 април 2009 г.. Envfor.nic.in. посет. 22 март 2013 г. Архивирано на 10 април 2009 г.
- ↑ Arnold Wright (1999). Twentieth century impressions of Ceylon: its history, people, commerce, industries, and resources. стр. 227. ISBN 81-206-1335-X.
- ↑ James Hornell (2009). The Indian Pearl Fisheries of the Gulf of Manar and Palk Bay. BiblioBazaar. стр. 6. ISBN 1-110-87096-5.
- ↑ 6,0 6,1 ICSF p. 27
- ↑ Michael O'Donoghue (2006). Gems: their sources, descriptions and identification. Butterworth-Heinemann. стр. 566. ISBN 0-7506-5856-8.
- ↑ T. R. McClanahan; Charles R. C. Sheppard; David O. Obura (2000). Coral reefs of the Indian Ocean: their ecology and conservation. Oxford University Press. стр. 305. ISBN 0-19-512596-7.
- ↑ ICSF p.25
- ↑ ICSF pp. 27–30
- ↑ ICSF pp. 1–2, 21, 24, 30
- ↑ J. Sacratees; R. Karthigarani (2008). Environment impact assessment. APH Publishing. стр. 10. ISBN 81-313-0407-8.
- ↑ R. Raghu Prasad; P. V. Ramachandran Nair (1973). „India and the Indian Ocean Fisheries“ (PDF). Journal of the Marine Biological Association of India. 15: 1–19.
- ↑ ICSF p. 26
- ↑ ICSF pp. 42–43
Литература
уреди- Marine Protected Areas in India, International Collective in Support of Fishworkers (ICSF), April 2008, ISBN 978-81-904590-9-9