Лазо Угуров
Лазо Угуров - Сугаре[1] (28 април 1922 во Ваташа — ) — македонски партизан, учесник во Народноослободителната војска на Македонија.[2]
Животопис
уредиЗавршил основно образование по што започнал да го изучува налбатскиот занает. Во редовите на напредното движење се вклучил во 1941 година и тоа во групата за агитација и пропаганда со задача да го разобличи бугарскиот фашистички окупатор во Црноречието. Во 1942 година, станал член на МК на КПЈ за Кавадарци, а истата година бил уапсен од бугарската полиција. Во август истата година бил повторно уапсен поради растурање на илегален материјал поради што бил осуден на шест месеци затвор. На 14 мај 1943 година во месноста „Вишешница” присуствувал на формирањето и положил заклетва при формирањето на одредот „Добри Даскалов”. Со одредот учествувал во голем број акции. Во 1944 година бил поставен за член на Обласниот комитет на Тиквешијата. Поради неговата револуционерна активност од страна на бугарските власти бил осуден во негово одсуство на смрт со бесење.[2]
Наводи
уреди- ↑ Macedonia), Институт за национална историја (Skopje (1983). Извори за ослободителната војна и револуција во Македонија 1941-1945: Документи на Комунистичката партија на Југославија и Комунистичката партија на Македонија 1941-1945. Institut za nacionalna istorija.
- ↑ 2,0 2,1 Камчевски, Петре (2012). Ваташа. Кавадарци: Музеј-Галерија Кавадарци. стр. 434. ISBN 978-608-4621-04-1.