Лазар Кунгалов
Лазар Кунгалов (15 октомври 1884 Радово, Серско — 15 април 1970, Чучулигово, Пиринска Македонија) — македонски револуционер, деец на ВМОРО.
Лазар Кунгалов | ||
Роден | 15 октомври 1884 Радово, Серско | |
---|---|---|
Починал | 15 април 1970 Чучулигово, НР Бугарија | (возр. 85)
Животопис
уредиЛазар Кунгалов како член на ВМОРО со Тома Радовски раководат мала чета која дејствува по течението на реката Струма. Целта е собирање оружје и пари за организацијата. Во периодот околу Балканската војна, Лазар е во четите кои се формирани и дејствуваат во Серскиот револуционерен округ на ВМОРО.[1] Поради својата активност пати неговото семејство, тоа е иселено од грчките власти во реонот на Волос, на 215 километри јужно од Солун. По преселувањето на семејството во Чучулигово, Петричко, Лазар и Тома Радовски со четата движеле и во тој реон. Кон крајот на својата активнот Лазар се населил во селото Чучулигово. Живеел одделно од фамилијата, во сопствена куќа.[2]
Во 1941 година се преселил во Сер, каде имал своја кланица и месарски дуќан.[3]
Наводи
уреди- ↑ Радовски, Александър (2017). Оцеляло родолюбие. Спомен за Тома Радовски. Велико Търново: Фабер. стр. 20. ISBN 978-619-00-0665-7.
- ↑ Радовски, Александър (2017). Оцеляло родолюбие. Спомен за Тома Радовски. Велико Търново: Фабер. стр. 74–75. ISBN 978-619-00-0665-7.
- ↑ Радовски, Александър (2017). Оцеляло родолюбие. Спомен за Тома Радовски. Велико Търново: Фабер. стр. 18. ISBN 978-619-00-0665-7.