Тома Радовски
Тома Димитров Радовски или Томата Радовалијата — македонски револуционер, деец и реонски војвода во Серскиот револуционерен округ.
Тома Радовски | ||
Роден | 1862 Радово, Серско | |
---|---|---|
Починал | 1957 Чучулигово, НР Бугарија |
Животопис
уредиТома Радовски е роден во 1862 година во село Радово, Валовишка каза на Серскиот санџак на Отоманското Царство. Се занимавал со производство и трговија со воденички камења, добиени од реон на Валовишта. Влегол во ВМОРО и учествувал во Илинденското востание во Серскиот револуционерен округ. Тома со Лазар Кунгалов организираат мала чета со реон на дејство течението на река Струма со цел - собирање оружје и пари за организацијата. Имаат еднаков ранг на војводи под раководство на Јане Сандански. Тома учествувал во Балканските војни. Тома Радовски помагал и во Првата светска војна.[1] По 1918 година ВМРО ги обновува структурите во Егејска Македонија и ја испраќа четата на Георги Хазнатарски во која учествува и Тома Радовски. Таа дејствува во трите околии на Серскиот револуционерен округ - Серско, Драмско и Валовишко. Четата во пролетта 1920 година води борби во Костурско, Леринско и Воденско.[2] Откако се враќаат во Бугарија организираат активности на царината Попови ливади во Пирин. Во 1923 година Тома Радовски е назначен за реонски војвода во Петричкиот округ. Формира чучулиговската чета со која поминува и води борбени активности во Егејот. Тој е тешко повреден во двете нозе при жестока престрелка со грчки војници во близина на село Бурсук, Серско. Со многу напор е донесен од комитите во село Чучулигово, Петричко за лекување, но останува куц на левата нога.
Во 1924 година за време на Горноџумајските настани добива смртна казна од страна на Иван Михајлов. Тома Радовски, Никола Хаџиев, Димитар Хаџиев, Иван Коџабашиев и Гога Хазнатарски минуваат низ Алиботуш во Грција, по што се утврдуваат во Горни Милановац, Југославија, каде се оформува база на македонски емигранти. Оттаму групата е префрлена во Виена преку сигурен и добро разработен канал. Таму се пречекани од Тодор Паница и тие стануваат составен дел од неговото опкружување до неговата смрт.[3] Неговата внука Султана Конева, која е ќерка на неговото најстаро дете Велика, работи како секретарка во Советот на министри на Георги Димитров - Премиер на Народна Република Бугарија.[4] Неговиот правнук, комесарот Александар Радовски, кој е внук на неговиот најмлад син Димитар, е офицер, јавна личност, фудбалска фигура и истражувач на активностите на ВМРО и ВМОРО. Александар Радовски е автор на многу статии и книги кои откриваат заборавени историски факти.[5]
Наводи
уреди- ↑ Радовски, Александър (2017). Оцеляло родолюбие. Спомен за Тома Радовски. Велико Търново: Фабер. стр. 20. ISBN 978-619-00-0665-7.
- ↑ Радовски, Александър (2017). Оцеляло родолюбие. Спомен за Тома Радовски. Велико Търново: Фабер. стр. 21. ISBN 978-619-00-0665-7.
- ↑ Радовски, Александър (2017). Оцеляло родолюбие. Спомен за Тома Радовски. Велико Търново: Фабер. стр. 22. ISBN 978-619-00-0665-7.
- ↑ Радовски, Александър (2017). Оцеляло родолюбие. Спомен за Тома Радовски. Велико Търново: Фабер. стр. 51. ISBN 978-619-00-0665-7.
- ↑ „Новата книга открива заборавени историски факти за војводата Георги Хазнатарски“, весник „Труд“, 11 јуни 2019 година