Лав Борисович Камењев
Лав Борисович Камењев (Лев Бори́сович Ка́менев, роден како Лав Борисович Розенфељд; 18 јули 1883 — 25 август 1936) бил бољшевички револуционер од еврејско потекло и советски политичар, познат како прв претседател на Руска Советска Федеративна Социјалистичка Република, еден од најмоќните политичари во првите години на советската држава, но и еден од првите истакнати жртви на „Големата чистка“.
Биографија
уредиРоден е во семејство на еврејски железнички работник, кој наспроти скромното потекло, заработувал доволно пари за да му обезбеди на својот син студии на Московски универзитет. Студиите ги прекинал поради апсење од страна на Руското Царство во 1902 година. Една година порано, Камењев се приклучил на Руската социјал-демократска работничка партија,[1] и се оженил со Олга Камењева, сестрата на Лав Троцки со која имал два сина. Во емиграција заедно со Григориј Зиновјев станал близок соработник со Владимир Ленин. На почетокот на 1914 година, тој се врати во Русија за да ја предводи болшевичката фракција во Четвртата државна дума, но по избувнувањето на Првата светска војна бил уапсен и прогонет во Сибир. Тој бил ослободен од таму по Февруарската револуција во 1917 година.
Камењев и Зиновјев пред Октомвриската револуција се судриле со Ленин, противејќи се на планот за вооружено преземање на власта.[2] Наспроти тоа, Камењев непосредно после револуцијата е прогласен за прв претседател на Советска Русија, а потоа за време на Руската граѓанска војна водел редица државните функции. Потоа, и покрај семејните врски, тој се скарал со Троцки и на крајот на 1923 година, заедно со Зиновјев и Јосиф Сталин, тој создал т.н. триумвират што го спречило Троцки да ги преземе партијата и државата по смртта на Ленин. Од 1923 до 1924 година, Камењев бил советски премиер. Во 1925 година, триумвиратот се распаднал, а Камењев се определил за Зиновјев и ја споделил неговата политичка судбина. Сталин во таа борба победил, искористувајќи ја фракцијата на Николај Бухарин, така што Зиновјев и Камењев во 1927 година биле исфрлени од Централниот комитет, после што без успех со Троцки се обиделе да создатат таканатечена Обединета опозиција. За разлика од Троцки, кој бил протеран од Партијата и заминал во егзил, Камењев ги признал своите „грешки“ и го задржал членството во Партијата, но извршувал пониски административни должности во следните неколку години. Кон крајот на 1932 година, тој бил протеран од Партијата по таканатечена „афера на Рјутин“, но бил вратен во нејзиното членство во декември 1933 година.
Откако бил убиен популарниот ленинградски водач на партијата, Сергеј Киров на 1 декември 1934 година, Камењев бил уапсен и протеран од партијата. Следната година тој го признал „моралното соучество“ во убиството, а на затвореното судење за т.н. Кремељска афера бил осуден на 10 години затвор. Додека ја издржувал казната, летото 1936 година, тој бил донесен во Москва, каде што му се судело заедно со Зиновјев во т.н. Прв московски процес. Тој бил обвинет за заговор со Троцки, при што требало да организира атентат против Сталин и другите советски водачи. Камењев ја признал својата вина, наводно делумно мотивиран од фактот дека Сталин лично му ветил милост. И покрај тоа, тој бил осуден на смрт и погубен следниот ден. Неговото судење се смета за почеток на Големата чистка во која починале и членови на неговото семејство; синовите Јуриј и Александар биле погубени во 1938 и 1939 година, а неговата сопруга Олга (од која се развел кон крајот на 1920-ти) нешто подоцна, во т.н. Медвједевски колеж за време на Втората светска војна во 1941 година.
Неговата сопруга Татјана Гљебова,[3] со која бил оженет во 1928 година, починала во логорите; преживеал единствено нивниот син Владимир Гљебов (1929—1994), кој потоа станал професор по историја на Новосибирскиот универзитет.[4]
Наводи
уреди- ↑ For a summary of Kamenev's revolutionary activities between 1901 and 1917, see Vladimir Lenin's Collected Wêorks, Volume XX. Предлошка:Page1
- ↑ Evans & Jenkins 2001, стр. 221.
- ↑ Conquest 1991, стр. 76.
- ↑ Geert Mak, In Europa, 2009. Episode "1933, Russia"
Литература
уреди- Conquest, Robert (1991). The Great Terror: A Reassessment. Oxford University Press. стр. 76. ISBN 978-0-19-507132-0.CS1-одржување: ref=harv (link)
- Evans, David; Jenkins, Jane (2001). Years of Russia and the USSR, 1851-1991. Hodder & Stoughton. стр. 221. ISBN 978-0-340-78949-0.CS1-одржување: ref=harv (link)
Поврзано
уредиНадворешни врски
уреди„Лав Борисович Камењев“ на Ризницата ? |