Кejнаан
Кеинан Абди Варсаме (сомалиски: Keynaan Cabdi Warsame, арап. كَينَان عَبدِ وَرسَمَ Кајнан Абди Варсама), познат по неговото уметничко име Кejнаан (англиски: K'naan),[1] ― сомалиско-канадски пејач. Светска популарност стекнал со неговиот сингл „Wavin' Flag“, кој бил избран како промотивна песна на Кока-Кола за Светското првенство во фудбал во 2010 година. Покрај хип-хоп, музиката на Кејнаан содржи примеси на сомалиска музика и светска музика.
Кejнаан | |
---|---|
Кejнаан во 2010 | |
Животописни податоци | |
Родено име | Кеинан Абди Варсаме |
Роден(а) | 16 април 1978 Могадишу, Сомалија |
Потекло | Торонто, Канада |
Жанрови | |
Занимања |
|
Инструменти |
|
Период на активност | 2000–денес |
Издавачи | A&M Octone |
Мреж. место | knaan.com |
Живот и кариера
уредиКејнаан е роден на 16 април 1978 година во Могадишу, главен град на Сомалија.[2] Неговиот дедо бил познат поет, а неговата тетка Магул била позната пејачка.[3] Неговото име, Кејнан, значи „патник“ на сомалиски јазик.[3]
Кејнаан детството го поминал во Могадишу.[4] Неговиот татко, Абди, заминал за Њујорк за да работи како таксист.[5] По избувнувањето на сомалиската граѓанска војна неговата мајка побарала виза за со семејството да ѝ се придружи на нејзиниот сопруг во Њујорк. Кога имал 13 години, Кејнаан и целото негово семејство се преселиле во САД. Половина година живееле во Њујорк, а потоа се преселиле во Торонто, Канада.[5]
Во 2006 година, Кејнаан се вратил во Њујорк, каде што сè уште живеел неговиот татко.[6]
Кејнаан бил оженет со Дека, фармацевтски техничар, со која имаат два сина, родени во 2005 и 2007 година.[5][7] . Тие се развеле пред Кејнаан да ја започне турнејата со Кока-Кола за Светското првенство во фудбал во 2010 година.[8]
Во Канада, Кејнаан се спријателил и почнал да соработува со канадскиот промотор Сол Гај, кој му помогнал да одржи говор пред Високиот комесаријат за бегалци на Обединетите нации во 1999 година. Во говорот Кејнаан ги критикувал ОН за нивните неуспешни мировни мисии во Сомалија.[9] Во публиката бил и сенегалскиот пејач Јусу Н'Дур кој бил импресиониран од настапот и храброста на Кејнаан го поканил да придонесе за неговиот албум „Building Bridges“ од 2001 година.
Овој проект му овозможил на Кејнаан да учествува на други настани на ОН, но и на џез-фестивалот во Монтреал и на фестивалот Поп-експлозија во Халифакс. Ова, исто така, му помогнало во 2002 година да се запознае канадските продуценти Брајан Вест и Џарвис Чрч кои го продуцирале неговиот прв албум The Dusty Foot Philosopher, издаден во 2005 година. Во 2006 година, албумот освоил Џуно награда за „Рап-запис на годината“ и бил номиниран за „Поларис награда“. Исто така, ја освоил наградата од BBC Radio 3 за светска музика во категоријата „Нов уметник“ за 2007 година.[10][11]
Кејнаан бил на турнеја и соработувал со музичари како Нели Фуртадо, Мос Деф, will.i.am, The Roots, Dead Prez и Pharoahe Monch.[12]
Неговиот втор студиски албум, Troubadour, бил издаден на 24 февруари 2009 година со неговата нова издавачка куќа A&M/Octone Records, а светската дистрибуција на албумот била преку Universal Music Group. Песните на Кејнаан биле вклучени во неколку компјутерски игри. Песната „If Rap Gets Jealous“ го вклучува главниот гитарист на Металика, Кирк Хамет. Ремиксот на синглот „Wavin' Flag“ бил толку популарен кај слушателите така што станал неофицијална химна на Светското првенство во фудбал во 2010 година. На 21 септември 2009 година, Кејнаан отишол на светска турнеја како дел од меѓународната турнеја FIFA World Cup, организирана од Coca-Cola и посветена на Светското првенство во 2010 година.
На 24 јануари 2012 година, Кејнаан издал ЕП со 5 песни под наслов More Beautiful Than Silence. Во песните имало и соработки со Нас и Нели Фуртадо.
Албумот на Кејнаан од 2012 година, Country, God or the Girl, наишол на многу помало признание од критиката и успех за разлика од Troubadour.
Во 2012 година, Кејнаан објавил книга за деца, Кога ќе остарам: Приказната за развиорено знаме.[13]
Во февруари 2024 година, Кејнан ја освоил неговата прва Греми награда за песната под наслов „Refugee“, која победила во категоријата „Најдобра песна за социјални промени“.[14]
Дискографија
уредиСтудиски албуми
- My Life Is a Movie (2004)
- The Dusty Foot Philosopher (2005)
- Troubadour (2009)
- Country, God or the Girl (2012)
Наводи
уреди- ↑ Carter Flinn, Sue (13 October 2005). „War & Beats: Somali-born hip-hop artist K'naan wants his music to have purpose“. The Coast. Архивирано од изворникот на 26 May 2012. Посетено на 4 May 2008.
- ↑ „Beautiful Dreamer“. Thestranger.com. Посетено на 21 February 2011.
- ↑ 3,0 3,1 Празен навод (help)
- ↑ Blair, Elizabeth (6 January 2009). „Somali Rapper K'Naan Schools American MCs“. NPR. Посетено на 21 February 2011.
- ↑ 5,0 5,1 5,2 Празен навод (help) Грешка во наводот: Неважечка ознака
<ref>
; називот „Tpolm“ е зададен повеќепати со различна содржина. - ↑ Egere-Cooper, Matilda (30 May 2006). „K'Naan: Rapping about War“. The Independent. London. Посетено на 14 May 2007.
- ↑ Infantry, Ashante (15 February 2009). „Success lies close to home for K'Naan“. The Star. Toronto.
- ↑ Tetzeli, Rick (1 November 2010). „Portrait of the Rapper as a Young Marketer: How K'naan Delivered on Coca-Cola's $300 Million Bet“. Fast Company.
- ↑ Doherty, Mike (10 February 2005). „Wandering star“. Eye Weekly. Архивирано од изворникот на 26 September 2007. Посетено на 19 October 2009.
- ↑ Lusk, John. „Awards for World Music 2007 – Newcomers“. BBC. Посетено на 26 June 2007.
- ↑ CBC Arts (31 March 2007). „Canadian musician K'naan captures BBC prize“. CBC. Посетено на 26 June 2007.
- ↑ Празен навод (help)
- ↑ Greg Quill, "The story behind K'naan's "Wavin' Flag"". Toronto Star, 27 September 2012.
- ↑ JONI MITCHELL, ALLISON RUSSELL, K’NAAN WIN IN 2024 GRAMMY AWARDS
Надворешни врски
уреди- Кejнаан на Семрежната филмска база на податоци (англиски)