Кјелефјорд
Кјелефјорд е административен центар на општина Лебесби во округот Финмарк, Норвешка. Селото се наоѓа на северозападниот дел на полуостровот Нордкин, на брегот на еден мал фјорд кој се влева во поголемиот Лаксефјорден. На 0,45 квадратни километри селото има население (2013) од 927 жители, што дава густина на населеност од 2060 жители на квадратен километар и го прави најголемото село во општината и една од најголемите рибарски села во округот Финмарк.