Кшиштоф Козловски
Кшиштоф Козловски (р. 1937) — полски славист и македонист кој предава македонска книжевност во Варшава.
Опус
уредиКшиштоф Козловски е долгогодишен македонист. Кариерата ја започнал како лектор по полски јазик на Универзитетот „Кирил и Методиј“ во Скопје во 1967 година. Денес предава македонска книжевност на Институтот за источнословенски и јужнословенски култури во Варшава, Полска. Долги години учествува на Семинарот за македонски јазик, литература и култура во Охрид, редовен учесник е на славистичките конгреси и голем љубител и почитувач на македонската книжевност и култура.
„Како стар македонист, веќе 40 години работам со македонистиката, би рекол дека сум запознаен со тие притисоци однадвор. Веќе сум навикнал на тоа. Знам дека македонистиката, македонската култура, македонската книжевност и македонскиот јазик, постои и има иднина иако отсекогаш е под притисок. И порано имаше вакви притисоци и ситуации, како моментно, но да се надеваме дека нема повеќе да се повторуваат“.
- Кшиштоф Козловски за состојбите во македонистиката, во поглед на нападите и оспорувањето на македонскиот јазик
Оваа биографска статија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |