Партизанска печатница „Гоце Делчев“

поранешна печатница во селото Битуше

41°37′03.2″N 20°35′22.6″E / 41.617556° СГШ; 20.589611° ИГД / 41.617556; 20.589611 Партизанската печатница „Гоце Делчев“ — поранешна нелегална партизанска печатница и сегашен меморијален музеј со амбиентално уредена постојана изложба.

Историја уреди

Во перидот од ноември 1942 до јуни 1943 година работела во селото Битуше. Во почетокот на јуни 1943 година била пренесена во базата на планината Лопушник.[1]

По ослободувањето на Вардарска Македонија биле извршени конзерваторско-реставраторски работи на куќата во која била сместена, а нејзиниот внатрешен дел бил преуреден како постојана историска и етнолошка поставка во 1961 година. Оригиналната дрвена печатница по ослободувањето од Светозар Вукмановиќ – Темпо била однесена во Воениот музеј во Белград, каде што се наоѓа и денес.

Дејност уреди

Во неа биле печатени разни материјали, брошури, билтени, извештаи и слично, за потребите на Централниот комитет на КПМ, Главниот штаб на Народноослободителната војска и партизанските одреди на Македонија и воопшто за Македонското народноослободително движење.

Поврзано уреди

Извори уреди

  1. Митре Инадески, Илегалните техники во Македонија во времето на НОВ, Скопје, 1961