Културна манифестација УГД Сцена

За манифестацијата уреди

Културната манифестација "УГД сцена“ е културна манифестација која се организира од страна на УниверзитетотГоце Делчев“ – Штип. Традиционално, манифестацијата се одржува во периодот ноември и декември Мултимедијалниот центар на УГД, а вклучува најразлични културни содржини - театарски, музички и ликовни.
Преку „УГД сцена“, Универзитетот „Гоце Делчев“ ја потврдува својата позиција како високообразовна институција која се грижи за квалитетот на студентскиот живот, академската заедница и пошироката јавност, нудејќи програми и содржини со високи естетски и културни вредности. Слоганот „Пронајди го својот круг“ и годинава ќе се обидеме да ви подготвиме возбудливи културни и уметнички доживувања.
Културната манифестација „УГД СЦЕНА“ е местото каде еден цел месец штипјани, студентите и сите заинтересирани граѓани живеат во името на театарот, музиката, ликовната уметност.

Организација и структура уреди

УГД Сцена е културна манифестација која ја организира одделот за театар, филм и мултимедија при Универзитетскиот културен центар на УГД и е отворена за соработка со надворешни културни институции како и поединци кои работат во областа на театарот, музиката или уметноста воопшто.
Манифестацијата во својот програмски дел е организирана преку гостувања на професионални театарски и музички групи од Македонија. Од година во година оваа манифестација ја збогатува својата програма, така УГД Сцена во изминативе години понуди и придружни активности како ликовни изложби и други културно-уметнички настани кои ја збогатуваат манифестацијата и ја прават уште попривлечна за публиката.

Активности уреди

Програмата на првото издание на УГД Сцена беше исполнета со гостување на три театарски професионални групи од Македонија и една музичка група. Во тоа прво издание, штипската публика ги погледна претставите „Таа“ на струмичкиот театар, „Кројцеровата соната“ на штипскиот театар како и претставата „Нора“ на велешкиот театар, како и музичката група „Чалгија саунд систем“.
Во состав на второто издание на манифестацијата „УГД Сцена“ земаа дел претставите „Просидба“ во изведба на кумановскиот театар, „Вејка на ветрот“ на гевгелискиот театар и „Крајот на кралот“ во изведба на независната театарска куќа „Звучни слики“.

Надворешни врски уреди