Универзитетски културен центар

За центарот уреди

Универзитетскиот културен центар организира настани, промовирајќи различни уметнички изрази прикажани преку низа: ликовни изложби, театарски претстави, филмски прикажувања, музички концерти, промоции на книги, списанија и други публикации, дебати, работилници, арт перформанси.
Тимот на Универзитетскиот културен центар има за цел да ги негува не само класичните уметнички форми, туку и постојано да ги следи и истражува модерните движења во сферата на светската култура и уметност, на тој начин овозможувајќи им на своите студенти, но и на сите заинтересирани граѓани врвни културни и уметнички доживувања. [1]

Организација за култра уреди

Универзитетскиот културен центар е организиран на тој начин што ги покрива широките подрачја на културата и уметноста. Организацијата на овoј центар овозможува посветеност на повеќе области од сферата на театарот, музиката, ликовната уметност, книжевноста, фотографијата но и новите уметнички изрази и мултимедијални форми кои се негуваат подеднакво како класичните уметнички пристапи. Универзитетскиот културен центар е отворен за сите студенти и членови на академската заедница и постојано им дава поддршка на сите поединци кои сакаат да ги задоволат своите интереси, да ја канализираат својата креативна енергија и да ја запознаат јавноста со своето работење.

Активности уреди

Универзитетскиот културен центар работи според годишна програма која опфаќа голем број на културни и уметнички настани, пред сѐ сконцентрирани во текот на зимскиот и летниот центар. Културните и уметнички настани се реализираат во Мултимедијалниот центар на Универзитетот „Гоце Делчев“Штип со капацитет од 330 седишта и извонредни технички можности. Мултимедијалниот центар на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип е место каде се случуваат голем број на филмски проекции, концертни настапи, се одржуваат поетски читања, промоции, трибини и работилници од областа на културата и уметноста. Мултимедијалниот центар се користи и како активен простор каде се играат голем број на театарски претстави. На овој начин Универзитетскиот културен центар традиционално го организира Фестивалот на Театар и краток филм „КУЛТРА“, културната манифестација „УГД СЦЕНА“ , универзитетските филмски недели посветени на филмската кинематографија специфична за различни земји од светот итн. Универзитетскиот културен центар се грижи културните и уметнички настани да им бидат понудени на сите студенти на Универзитетот, токму заради тоа, покрај настаните во Штип, Универзитетскиот културен центар редовно организира културни и уметнички настани и во останатите градови каде Универзитетот има свои наставни центри.
Универзитетскиот културен центар е фокусиран подеднакво на повеќе области од културата и уметноста, формирајќи повеќе активни групи од областа на театарот, музиката, ликовната уметност, книжевноста итн. Универзитетскиот културен центар е отворен за соработка со сите студенти кои сакаат да истражуваат во областа на културата и уметноста и да ги развиваат своите потенцијали и интереси.

Надворешни врски уреди


Наводи уреди

  1. „Официјална страница на Универзитетски културен центар – „За центарот". Архивирано од изворникот на 2013-03-13. Посетено на 2013-03-26.