Кула (Љубојно)
археолошко наоѓалиште во Македонија
„Кула“
| |
Местоположба | 40°53′39″N 21°8′26″E / 40.89417° СГШ; 21.14056° ИГД |
Основни податоци | |
---|---|
Место | Љубојно |
Општина | Ресен |
Тип |
|
Период | доцноантичко време |
Портал „Археологија“ |
Кула — археолошко наоѓалиште во преспанското село Љубојно. Претставува утврдена населба со некропола од доцноантичко време. Се наоѓа на околу 1 км северно од селото, каде се издига висок рид кој доминира над околниот терен. На зарамнетото плато јасно се распознаваат темели од одбранбен бедем, а на површината има грамади од градежен камен, тули и варов малтер. Остатоците од ѕидовите на тврдината биле оштетени во периодот 1936-1940 година кога селаните масовно ваделе камен за изградба на своите куќи. Во нивата на месен жител во непосредната близина биле откопани гробови со конструкции од камени плочи во кои имало керамички садови.[1]
Поврзано
уреди- Рудина — населба од римско време;
- Куќишта — населба од средниот век;
- Граишта — некропола од римско време;
- Присој — населба од римско време;
- Св. Димитрија — црква и некропола од средниот век;
- Љубојно;
- Список на археолошки наоѓалишта во Ресенско;
Наводи
уреди- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
Оваа статија поврзана со археологијата на Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |