Кула Русија

(Пренасочено од Кулата Русија)

Кулата Русија (руски: Башня Россия) била проект за изградба на облакодер, кој бил[1] планиран за Московскиот меѓународен деловен центар во Москва, Русија . Изградбата започнала, но на крајот ја стопирале поради финансиската криза од 2007-2008 година .

Развој

уреди

Првата идеја за изградбата на кулата била предложена во 1994 година. Оттогаш, планираната локација на кулата се сменила пет пати. Идејата на Норман Фостер била кулата да биде со висина од 1 км, но таа идеја не била прифатена од градоначалникот на Москва, Јуриј Лужков .

Во 2006 година, во Музејот Пушкин во Москва биле презентирани предложените дизајни на кулата Русија. Победил моделот на Норман Фостер . Оваа верзија од 2006 година имала висина од 612 м и 118 спрата. Изградбата започнала во септември 2007 година и планирале да ја завршат во 2012 година, но подоцна одложиле за 2016 година.

Вкупната површина на градбата би опфатила 520 илјади метри квадратни, од кои приближно 200 илјади метри квадратни ќе биле под земја. Кулата би имала 118 спрата, 101 лифт и 3.680 подземни паркинг места. Комерцијалните продавници за малопродажба би биле сместени во основата на зградата. Се предвидувало најголемиот капацитет з на градата да биде околу 30 000 луѓе.

Компанијата за развој на кулата ја стопирала изградбата во ноември 2008 година, проектот го суспендирала во февруари 2009 година, а во јуни 2009 година, проектот официјално го откажале. Финансиската криза од 2007-2008 година довела до проблеми во финансирањето на проектот.[2][3]

Финансиска и деловна историја

уреди

Руската кула било предложено да се гради на парцелите 2 и 3 од меѓународниот деловен центар во Москва во 1994 година, со цел да биде највисоката зграда на светот : 648 метри, кула со 125 ката. Проектот бил дизајниран од фирмата за архитектура „ Скидмор“, „Овингс“ и „Мерил“ која се наоѓа во Чикаго.

Локацијата за брзо била преместена во парцелата 14. Во средината на 2003 година ажурирана, 648 метри, дизајнот од 134 спрата бил одобрен и локацијата повторно била преместрна во парцелите 17 и 18. Во јануари 2004 година, Московската развојна компанија (Група СТТ) била назначена за главен инвеститор и развивач на проектот вреден 2 милијарди американски долари.[4]

На 18 септември 2007 година темелите на кулата биле поставени со церемонија.

Руската новинска агенција Интерфакс на 21 ноември 2008 година објавила дека изградбата на кулата треба да биде стопирана.[5] Шалва Чигирински, раководител на компанијата за развој на кулата, изјавил дека поради финансиската криза од 2007-2008 година не можело да се обезбедат парични средства за проектот и исто така ја отстранил побарувачката за канцеларискиот простор на кулата, дури и ако имало можност да се заврши изградбата на кулата.[2]

На 3 декември, руската нафтена компанија „ Сибир енерџи“ се согласила да купи голем број на недвижнини, во кои спаѓа и руската кула, од Чигирински. Бидејќи Чигирински бил главно лице кое поседува многу акции во „Сибир енерџи“, целта на купувањето била да се намалат финансиските притисоци врз него, така што тој нема да биде принуден да ги продава акциите на неговата компанија, а за возврат и овозможува на компанијата да ја зачува постојната структура на акционери во компанијата.

Сепак, многу деловни вести аналитичари го осудиле тој потег и тврделе дека тој начин со користење на нафтената компанија е само бизнис капитал за да помогне на Чигирински за купувањето на недвижниот имот, а тоа воопшто не било поврзано со нивниот нафтен бизнис на компанијата. Високите цени се штетни за акционерите на компанијата и претставуваат голем судир на интереси.[6][7][8][9]

На 12 февруари 2009 година било изјавено дека кулата „Русија“ нема да биде изградена. Асистентот на човекот кој го развива проектот изјавил дека, „Во денешната економија, проект од таков обем веќе не е изводлив за нас и повеќе не може да биде оправдан“.[10] На местото каде што требаше да се гради кулата, компанијата предложила да се искористи земјиштето за да изградат на помали облакодери и голема гаража за паркирање.[11]

Во јуни 2009 година, проектот бил официјално откажан, за да може да го претворат во паркинг за постојните згради.[3]  Сепак, на крајот се планирало да се изгради помала зграда на локацијата.[12]

Наводи

уреди
  1. „Foster + Partners“. Архивирано од изворникот на 2007-10-21. Посетено на 2021-02-08.
  2. 2,0 2,1 Crunch cripples Europe's tallest tower[мртва врска], CNN (reprinted by Pattayatoday), November 11, 2008.
  3. 3,0 3,1 „Iconic Russia Tower in Moscow to become a car park“. June 12, 2009. Посетено на December 30, 2009.
  4. „Интерфакс: новости“. Архивирано од изворникот на 2008-01-10. Посетено на 7 September 2016.
  5. Moscow super skyscraper 'on hold', BBC News, November 21, 2008.
  6. Warner, Jeremy. (2008, December 4). "Sibir Energy’s lesson in caveat emptor[мртва врска]", The Independent
  7. Stewart, Catrina. (2008, December 3). "Sibir Offers $340M Bailout to Russian Shareholder", Associated Press
  8. Macalister, Terry. (2008, December 3). "Sibir property deal dubbed a 'first-class scandal'", The Guardian
  9. Stiff, James. (2008, December 4). "Oil group Sibir buys property to bail out Russian investors Архивирано на 12 јуни 2011 г.", The Times
  10. Russia Tower May Find a New Home by Jessica Bachman, The Moscow Times, Issue 4085, February 13, 2009.
  11. Mirax Offers to Build Russia Tower Архивирано на 16 февруари 2009 г. by Jessica Bachman, The Moscow Times, Issue 4085, February 12, 2009.
  12. „Башню "Россия" в "Москва-Сити" построят до 2016 года“ ["Russia" Tower in "Moscow City" to be completed before 2016]. Interfax. 10 January 2012. Посетено на 11 March 2012.

Надворешни врски

уреди