Куе Кинг
Куе Кинг (роден како Роналд Сунга Рејес на 17 јануари 1981) — американски вајар со филипинско потекло. Повлијаен од американската вајарка со јапонско потекло Рут Асава,[1] Куе има развиено сопствени процеси и техники на вајање со жица, едновремено продолжувајќи ја и персонализирајќи ја оваа ретка уметничка традиција.[2]
Куе Кинг | |
---|---|
Роден(а) | Роналд Сунга Рејес 17 јануари 1981 Олонгапо, Филипини |
Националност | Филипинец |
Познат(а) по | вајарство, накит |
Мреж. место | Официјално мрежно место |
Животопис
уредиКуе Кинг е роден како Роналд Сунга Рејес на 17 јануари 1981 година во Олонгапо на Филипинските острови. Најмлад од шест деца од првогенерациско азиско-американско семејство, Рејес живее во Олонгапо до седум години, кога неговите родители (Марија Тереза Сунга Рејес и Камило Рејес) се преселуваат на Флорида каде ги поминува наредните седумнаесет години од својот живот. И покрај тоа што студира фотографија на уметничката академија „Даглас Андерсон“,[3] токму тука за првпат изразува интерес за вајање;[4] голем дел од времето во текот на овој период го минува патувајќи, на тој начин создавајќи персона на современ lebenskünstler.[5] На 24 години, се преселува од Флорида на Хаваите, каде добива награди (за најдобро шоу, второ и прво место за уметничко дело) три последователни години од страна на Источнохавајскиот културен центар.[6] На 29 години се преселува во Сан Франциско; оттогаш постојано патува.[7][се бара извор]
Дела
уредиИнспириран од природата и танцот,[3] Кинг создава уметнички дела за кои се вели дека се "спокојни во сопствената навидна едноставност."[3] Воглавно самоук, тој употребува жица цврсто врзана за природни објекти за да создава органски форми и фигури.[8] Исто така работи и со накит.[7]
Биоморфи
уредиОна што започнува како мал проект на изработка на скулптури на гранки и цветови[2][5] - за во текот на првите години од Војната против тероризмот да бидат бесплатно раздавани низ САД како пораки за мир[9] - Кинг ќе го претвори во оригинален уметнички жанр, кој ќе му овозможи преку комбинација на алуминиум, не’рѓосувачки челични влакна, месингова жица и пердуви, да ја допре "грандиозната смисла на органското".[3] Самонаречени биоморфи,[10] скулптурите се наводно инспирирани од медитирањето на Кинг меѓу гранките на едно дрво згрчено на работ од еден рид и расползено надолу по рабовите на клисурата.[9]
Апстракти
уредиПрвично инспирирани од скулптурите на Рут Асава, Кинговите апстракти се споредувани со танц[3] и геометрија.[се бара извор]
Нослива уметност
уредиИ покрај тоа што се дистанцира од посериозен ангажман во областа на модното творештво,[7] интересот на Кинг во древното занаетчиство и улого-разликувачката општествена функција на накитот резултира со создавање на нешто што тој го нарекува нослива уметност и што, во основа, се состои во раскошно украсени каиши.[11]
Поставки
уреди- Спрингфилдова 9 и главна галерија[5]
- Волвано центар на уметности
- Галерија трета димензија[1]
- Gumps, Сан Франциско[12]
- Ку де Тејт, Сан Франциско
- Кабана, Калифорнија
- Lucky Street галерија, Флорида [1]
- Spring Open Studio (април 2011) [13]
- Sausalito Arts Festival, Калифорнија (2011, 2012) [7]
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 „The Story of Kue King“. Архивирано од изворникот на 2013-08-24. Посетено на 23 August 2013.
- ↑ 2,0 2,1 Perez-Brennan, Tanya (2003). „An Art Walk through Downtown; What You'll See Will Change Each Month“. The Florida Times Union.
- ↑ 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 Thorin, Nathan. „Ron Reyes: Calm Wire“. Movement Magazine. Архивирано од изворникот на 2009-01-06. Посетено на 23 August 2013.
- ↑ „Brooklyn art center stages varied show“. River City News. 2003.
- ↑ 5,0 5,1 5,2 Perez-Brennan, Tanya (2004 9). „Wire Sculptures Reflect 'Life Lessons'; Bohemian Artist Stops Wandering“. The Florida Times Union. Проверете ги датумските вредности во:
|year=
(help);|access-date=
бара|url=
(help) - ↑ „East Hawaii Cultural Center“. Посетено на 23 August 2013.
- ↑ 7,0 7,1 7,2 7,3 Sausalito Art Festival 2012 - Интервју со Куе Кинг, видео на Јутјуб.
- ↑ „Feauturing: Ronald Reyes“. Brooklyn Art Center. Архивирано од изворникот на 2014-04-27. Посетено на 23 August 2013.
- ↑ 9,0 9,1 Caridad, Paul. „Stunning Feather & Woven Metal Tree Sculptures“. Visual News. Архивирано од изворникот на 2017-07-26. Посетено на 23 August 2013.
- ↑ „Biomorphs“. Архивирано од изворникот на 2013-08-24. Посетено на 23 August 2013.
- ↑ „Wearable art“. Архивирано од изворникот на 2013-08-24. Посетено на 23 August 2013.
- ↑ Witek, Jami (19 September 2012). „Gumps Mixology Cocktail Party with Special Guest Kue King“. SF Wire. Архивирано од изворникот на 2016-03-04. Посетено на 23 August 2013.
- ↑ „Past Exhibitions and Events“. ARTSlant. Архивирано од изворникот на 2015-09-28. Посетено на 23 August 2013.