Крст (Усје)
археолошко наоѓалиште во Македонија
„Крст“
| |
Местоположба | 41°57′25″N 21°27′21″E / 41.95694° СГШ; 21.45583° ИГД |
Основни податоци | |
---|---|
Место | Усје |
Општина | Кисела Вода |
Тип |
|
Период | среден век |
Портал „Археологија“ |
Крст — археолошко наоѓалиште во скопското село Усје, Општина Кисела Вода, на периферијата на градот Скопје. Претставува депо на средновековни монети. Во непосредната близина на селската црква „Св. Атанас“ во куќата на Љ. Тодоровски,[1] при копањето на подрумски простории е пронајдено депо на сребрени средновековни монети кое содржи 96 примероци (86 српски од Урош I (1243–1276) и 12 венецијански од XIV век) и две масивни сребрени обетки со три јаготки.[2]
Наодот се чува во Музејот на Град Скопје.
Поврзано
уреди- Црква Св. Атанас — осамен наод во Усје од римско време
- Список на археолошки наоѓалишта во Скопје
Наводи
уреди- ↑ Според Грозданов и Кочо, ископината била во куќа на улица „Првомајска“ бр. 26 (со денешно име е „Борис Трајковски“), но ова не се совпаѓа со нејзината близина до црквата, бидејќи споменатата улица минува низ подрачјето Стаклара, кое е доста подалеку.
- ↑ Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 388. ISBN 9989-649-28-6.