Крсто Неделков Црнички ( 1920 во Кучевиште, Скопско1944 во Шишево, Скопско) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Крсто Црнички
Роден 1920 година
Кучевиште, Скопје, Македонија под окупација на Кралство СХС
Починал ноември, 1944 година
Шишево, Скопје, Македонија

Животопис

уреди

Потекнувал од сиромашно селско семејство. Основно училиште завршил во селото, а потоа се занимавал со земјоделство и сточарство. Во септември 1944 година кога во неговото село била формирана Шеснаесеттата македонска ударна бригада ѝ се приклучил во нејзините редови. Учествувал во сите борби на бригадата пpoтив балистичките сили и во акциите против германските моторизирани колони, во Качаничката Клисура. По ослободувањето на главниот град на Македонија - Скопје, ја продолжил борбата и против балистичките банди, кои се обидувале да навлезат во Скопје. Во тие борби кај Шишево, го изгубил својот живот. Неговите останки биле погребани на селските гробишта.[1]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Беа, загинаа, останаа. Скопје: Историски Архив. 1969. стр. 281. На |first= му недостасува |last= (help)