Крсто Петрушев
Крсто Трпев Петрушев ( 1924 во Волково, Скопско — 1945 во Волково, Скопско) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]
Животопис
уредиПотекнувал од сиромашно семејство. Основно училиште завршил во селото, а потоа се занимавал со земјоделство и сточарство. Во септември 1944 година стапил во Дванаесеттата македонска ударна бригада, со која учествувал во борбите за ослободувањето на Скопје и акциите за ликвидирање на балистите во Косово. Откако се префрлил во единиците на XV македонски корпус, учествувал и во пробивот на Сремскиот фронт. Но, тешко се разболел и бил демобилизиран од армијата. Како последица на болеста, починал во родното место.[1]