Крсто Енчев
Крсто Енчев ( 1912 во Лехово, Валовишко — 16 јануари 1999 во Сиднеј, Австралија)[1] — книжевен трудбеник, борец за правата и слободите на македонскиот народ.[2]
Животопис
уредиСо својата фамилија се населил во с. Јаново, околија на Сандански.
По убедување бил анархист и антикомунист, поради што е прогонуван од бугарскиот комунистички режим. Во 1950 година успева да емигрира во Австралија оставајки ја жената и четирите сина, кој потоа биле преселени во Ловечкиот регион. Таму, тој е еден од водечките организатори на македонската дијаспора. Заедно со уште неколкумина македонски емигранти (Александaр Христов, Ангело Вретовски, Георги Чочков, Митре Моjсовски и други) во 1980 година го основа весникот “Народна Волја“, чие излегување ќе го помага до крајот на животот.[3][4]
Крсто Енчев е пирински Македонец, кој целиот свој живот го посветил борејки се за праведни идеали и достоинство на македонскиот народ. Врховен идеал во непоколебливата титанска борба која е за независна и самостојна обединета македонска држава. Единствено правилна идеја за секој национално осознаен Македонец. Во мемоарите опишана е борбата на Македонците за независна обединета Македонија.[2]
Својот бурен живот Енчев го има опишано во книгата “Автобиографија - спомени“. Спомените му се пишувани на англиски јазик, а во превод на бугарски јазик се објавени во Бугарија, првиот дел во Софија во 1999 година, а вториот дел посмртно во Благоевград во 2003 година. Починал во Австралија.
Книжевност
уреди- Крсто Енчев: „Автобиографија - спомени“, прв дел - Софија, 1999
- Крсто Енчев: „Автобиографија - спомени“, втор дел - Благоевград, 2003
- Весник „Народна волја“, Благоевград, 1999 - 2006
- „Пиринскиот Страдалник“ - Скопје, 2009[5]
Наводи
уреди- ↑ „НАРОДНА ВОЛЈА“. www.narodnavolja.com. Посетено на 2022-07-16.
- ↑ 2,0 2,1 Enchev, Крсто; Енчев, Khristo Enchev (2009). Pirinskiot stradalnik. Скопје: ИП Пирин. стр. 339–340. ISBN 978-9989-2917-4-6. OCLC 726606288.CS1-одржување: датум и година (link)
- ↑ „Човечки принципи и идеи за вистински мир меѓу народите“. Македонска нација. Посетено на 2022-07-16.
- ↑ „НАРОДНА ВОЛЈА“. www.narodnavolja.com. Посетено на 2022-07-16.
- ↑ ТВ ТЕРА - Објавен вториот дел од мемоарите за Пиринскиот страдалник 27 10, Посетено на 2022-07-16