Кременица (Долна Бела Црква)
„Кременица“
| |
Местоположба | 41°2′29.82″N 21°2′45.66″E / 41.0416167° СГШ; 21.0460167° ИГД |
Основни податоци | |
---|---|
Место | Долна Бела Црква |
Општина | Ресен |
Тип |
|
Период | неолитско време |
Портал „Археологија“ |
Кременица — археолошко наоѓалиште во преспанското село Долна Бела Црква. Претставува населба од неолитското време. Се наоѓа на околу 1 км североисточно од селото, од левата страна на главниот пат што води кон источниот брег на Преспанското Езеро, непосредно до раскрсницата каде што се спојува со патот за Долна Бела Црква, каде во ниви на месни жители по површината се среќаваат фрагменти од керамички садови, кремени орудија и камени секири. Неколку фрагменти имаат орнаменти изведени во импресо - техника.[1]
Во периодот од 2011 до 2013 година со помош на Министерството за култура на Македонија, во населбата биле вршени нови ископувања и истражувања. При тоа биле откриени 4 објекти за живеење од типот полуземјанки. На истражениот сегмент од наоѓалиштето, остатоците од населбата се манифестираат преку вкопани станбени структури, јами, огништа и остатоци од дрвени колци кои се густо дистрибуирани во просторот.[2]
Поврзано
уреди- Копачница — населба од доцноантичко време;
- Св. Константин и Елена — осамен наод од римско време;
- Список на археолошки наоѓалишта во Ресенско;
- Долна Бела Црква;
Наводи
уреди- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
- ↑ „Откриена неолитската населба Кременица во преспанскиот регион (фото)“. Архивирано од изворникот на 2013-12-16. Посетено на 2013-12-11.
Оваа статија поврзана со археологијата на Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |