Коџа Мехмед Рагип-паша


Коџа Мехмет Рагип-паша (1698–1763) ― османлиски државник кој служел како државен службеник пред 1744 година како покраински управник на Египет од 1744 до 1748 година и голем везир од 1757 до 1763 година. Тој бил познат и како поет. Неговиот епитет Коџа на турски значи „голем“ или „џин“.

Коџа Дамат
Мехмед Рагип
Pasha
Монета користена од страна на Коџа Рагип-паша како управител на Египет. Искована во Каиро, со датум од 1730 година. Има арапски натписи на двете страни. Предна: "Султан на двете земји и каган на двете мориња, султанот, Рагип, син на Султанот". Задна: "Искована во Миср [Каиро] во 1143 година, нека неговата победа биде славна"
Голем везир на Отоманското Царство
На должноста
12 јануари 1757 – 8 април 1763
Монарх Осман III
Мустафа III
Претходник Ќосе Бахир Мустафа-паша
Наследник Тевки Хамза Хамид-паша
Отомански управител на Египет
На должноста
1744–1748
Претходник Једекчи Мехмет-паша
Наследник Јеген Али-паша
Лични податоци
Роден(а) 1698
Константинопол, Отоманско Царство
Починал(а) 8 април 1763(1763-04-08) (возр. 64–65)
Константинопол, Отоманско Царство
Националност Турчин
Сопружник Салиха Султан
Професија Граѓански службеник

Рани години

уреди

Неговиот татко бил Шевки Мустафа, бирократ во Османлиската Империја. По завршувањето на своето образование, Мехмет Рагип работел во различни делови на империјата како државен службеник. Тој служел како главен благајник во Багдад. Бил член на османлиските претставници во Белградскиот договор во 1739 година. Тој бил унапреден на функцијата рејс ул-ќутаб (еднакво на денешен министер за надворешни работи) во 1740 година. Тој бил управник на Египетскиот Пашалак од 1744 до 1748 година,[1][2][3] кога бил принуден да се повлече од месните трупи.[4]

Како голем везир

уреди
 
Библиотеката „Рагип-паша, Истанбул.

Тој бил назначен за голем везир на 12 јануари 1757 година од страна на султанот Осман III. Кога Осман III починал десет месеци подоцна, Мехмет Рагип-паша продолжил под водство на новиот султан Мустафа III со кого имал многу добри односи. Тој се оженил со Салиха, сестрата на султанот, и ја добил титулата дамат (зет).

Мандатот на Рагип бил за време на османлискиот пад. Тој сепак донел реформи во османлиската администрација и благајна. За прв пат османлиските приходи ги надминувале расходите.[5] Тој бил приврзаник на мировната политика. Неговиот мандат на функцијата, речиси се совпаднал со Седумгодишната војна во Европа (1756-1763). И покрај опасноста од војна, тој успеал да ја задржи Османлиската Империја од судир.[6] По неговата смрт, Мустафа III напишал елегија (турски: ağıt) изразувајќи ја својата тага за неговиот добар пријател.[7]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 'Abd al-Rahman Jabarti; Thomas Philipp; Moshe Perlmann (1994). Abd Al-Rahmann Al-Jabarti's History of Egypt. 1. Franz Steiner Verlag Stuttgart. стр. 248.
  2. Mehmet Süreyya (1996) [1890], Nuri Akbayar; Seyit A. Kahraman (уред.), Sicill-i Osmanî (турски), Beşiktaş, Istanbul: Türkiye Kültür Bakanlığı and Türkiye Ekonomik ve Toplumsal Tarih Vakfı, ISBN 9789753330411
  3. Yılmaz Öztuna (1994). Büyük Osmanlı Tarihi: Osmanlı Devleti'nin siyasî, medenî, kültür, teşkilât ve san'at tarihi (турски). 10. Ötüken Neşriyat A.S. стр. 412–416. ISBN 975-437-141-5.
  4. 'Abd al-Rahman Jabarti; Thomas Philipp; Moshe Perlmann (1994). Abd Al-Rahmann Al-Jabarti's History of Egypt. 1. Franz Steiner Verlag Stuttgart. стр. 250–251.
  5. Bio page (на турски)
  6. Gabor Aboston-Bruce Masters: Ottoman Encyclopaedia, Facts on File Inc, ISBN 978-0-8160-6259-1, p411
  7. Prof. Yaşar Yüce-Prof. Ali Sevim: Türkiye tarihi Cilt III, AKDTYKTTK Yayınları, Истанбул, 1991, стр. 35.
  • Prof. Yaşar Yüce-Prof. Ali Sevim: Türkiye tarihi Cilt III, AKDTYKTTK Yayınları, İstanbul, 1991 p 35
Политички функции
Претходник
Једекчи Мехмет-паша
Османлиски управник на Египет
1744–1748
Наследник
Јеген Али-паша
Претходник
Ќосе Бахир Мустафа-паша
Голем везир на Османлиската Империја
12 јануари 1757 – 8 април 1763
Наследник
Тевки Хамза Хамид-паша