Кошница со цвеќиња (Фабержеово јајце)

Кошница со цвеќиња[забелешка 1] - скапоцено емајлирано велигденско јајце изработено под надзор на рускиот јувелир Петар Карл Фаберже во 1901 година. Јајцето е направено за Николај II, кој ѝ го поклонил на својата сопруга, царицата Александра Фјодоровна.[2][3]

Кошница со цвеќиња
Година на изработка1901
НарачателАлександра Фјодоровна
Моментален сопственик
Индивидуална или
институционална
Елизабета II
Година на стекнување1933
Дизајн и материјали
МастерНепознат[1]
Употребен материјалсребро, позлата, гијоширана острига и син емајл, злато, како и стотици дијаманти непроѕирни повеќебојни смарагди[1]
Висина23 cm
Ширина10 cm пречник
Изненадувањене е зачувано

Опис

уреди

Јајцето го изработил еден од работниците на Фаберже, но името на работникот не било запишано и самото јајце не носи знаци на производителот или други обележја за неговото производство, што во еден момент довело до сомневања во врска со неговата автентичност. Јајцето е дизајнирано како кошница во форма на јајце од гијоширана острига од позлатено сребро, со букет од цвеќиња од Philadelphus coronarius, паричиња, синолички, кали, метличини, утрински цвеќа и овес, на чија предна страна со дијаманти е напишана годината на производство - 1901. Јајцето стои на син емајлиран пиедестал (не е оригиналот - оригиналниот бел емајл најверојатно бил оштетен за време на Руската револуција и бил заменет / повторно емајлиран со сегашната сина боја) и над него е поставена рачка од злато и дијаманти. Базата и јајцето исто така се украсени со дијамантска мрежа.[3]

Историја

уреди

Иако постоењето на јајцето е јасно од неговата изработка, неговата автентичност како „царско“ јајце (т.е. јајце од фабриката на Фаберже и наменета како велигденски подарок за жената на царот или за неговата мајка), некое време имало сомнеж во истото. На почетокот на 1949 година, некои авторитети почнале да го идентификуваат јајцето како нецарско творба на Фаберже; потоа, во 1979 година, други авторитети почнале да тврдат дека тоа е дело на друг златар, Бушерон од Париз, кој го имитирал Фаберге. Во 1991 година експертите конечно се согласиле дека ова јајце е навистина велигденскиот подарок на Николај II на неговата сопруга, и дека било изработено за таа цел од страна на куќата Фаберже, и со тоа истото официјално се смета за царско јајце.

Изненадување

уреди

Ако јајцето имало изненадување (како што сите Фабержеови јајца) не постои добар запис за тоа што било истото, и ниедно не опстанало со тековното јајце. Не е познато што станало со изненадувањето или кога и како истото било изгубено.

Сопственост

уреди

Во 1933 година јајцето било продадено од Антикваријат (советска институција), веројатно на Емануел Сноуман од лондонските дилери на антиквитети Вартски, го купила Марија од Тек и во 1953 година го наследила кралицата Елизабета II. Тоа е дел од Кралската колекција.[2]

Поврзано

уреди

Белешки

уреди
  1. Самиот Фаберже го нарекол ова јајце „Велигденско јајце, бел емајл, со букет диви цвеќиња“, што сугерира дека јајцето би требало да се вика, „Кошница со диви цвеќиња“, но ова не го зема предвид фактот што повеќе од изработените цвеќиња, всушност не се „диви“ цвеќиња; модерните доверливи извори не ја споменуваат одликата „диви“ на јајцето во неговото име, кое најчесто се именува како „Кошница со цвеќиња“

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Will Lowes; Christel Ludewig McCanless (2001). Fabergé Eggs: A Retrospective Encyclopedia. Scarecrow Press. стр. 77. ISBN 978-0-8108-3946-5.
  2. 2,0 2,1 Fabergé in the Royal Collection. „Royal Collection - Basket of Flowers Egg“.
  3. 3,0 3,1 „1901 Flower Basket Egg“. Mieks Faberge Eggs. www.wintraecken.nl.

Надворешни врски

уреди