Calla palustris - Украсна кала
Научна класификација
Царство: Plantae
Нерангирано: Скриеносемени
Нерангирано: Монокотиледони
Ред: Alismatales
Семејство: Araceae
Потсемејство: Calloideae
Род: Calla
Вид: C. palustris
Научен назив
Calla palustris
Л.

Кала (украсна кала, мочуришна кала) е род на цветни растенија во фамилијата Araceae кој содржи само еден вид - Calla palustris. Тоа природно расте во ладните умерени региони во северната полутопка, во централните, источните и северните делови од Европа (Франција и Норвешка, и на исток од нив), северна Азија и северните делови од Северна Америка (Алјаска, Канада, североисточните делови од САД).

Илустрација на кала од Flora von Deutschland, Österreich und der Schweiz 1885
Плод на украсната кала.

Калата е ризоматично тревесто повеќегодишно растение кое расте по блата и бари. Листовите се кружни до срцевидни, 6–12 cm долги и се наоѓаат на лисна дршка широка 4–12 cm. Зеленкасто-жолтото соцветие се издигнува на спадикс долг околу 4–6 cm, затворен со бела спата. Плодот е грозд составен од црвени бобинки, од кои секоја содржи по неколку семиња.

Растението е многу отровно кога е во свежа состојба како резултат на присуството на оксална киселина, но ризомот, како тој на каладиумот, колоказијата и арумот, е јадлив по негово соодветно сушење, лупење и варење.

Овој род порано вклучувал и неколку други видови, кои сега се префрлени во одделниот род Zantedeschia. Овие растенија се од тропска Африка и сѐ уште се именуваат како "кала лилјани", но тие не треба да се помешаат со C. palustris.

Наводи

уреди
  • Бланхан, Нелтје (2002). Диви цвеќиња: Помош во запознавањето на нашите диви цвеќиња и нивните инсектски опрашувачи. Project Gutenberg Literary Archive Foundation.

Надворешни врски

уреди