Котантен

полуостров во Нормандија, Франција

Котантен (француски: Cotentin, нормандски: Cotentîn) познат и како Шербуршки Полуостровполуостров во Нормандија која е дел од северозападниот брег на Франција. Се протега во Ла Манш кон Велика Британија. На запад од него се наоѓаат Каналските Острови, а на југозапад се наоѓа полуостровот Бретања. Полуостровот Котантен е дел од Арморискиот масив  (со исклучок на низинскиот дел кој што лежи во Парискиот Басен) и се наоѓа помеѓу устието на реката Вире и заливот Мон Сен Мишел.

Котантен
Шербуршки Полуостров
Cotentîn
Полуостровот Котантен (познат и како Шербуршки Полуостров) во Нормандија
Географија
Соседни водни површиниЛаманш
Држава
Франција
РегионНормандија
ДепартманМанш
Демографија
Јазицинормандски

Името го добил по градот Кутанс, кој пак е именуван по императорот Констанциј Хлор. Животот на Котантен од 19 век е тематика на многу романи на Барбе д'Оревили.

Население

уреди

Најголем град на полуостровот е Шербур на Котантен, најголемо пристаниште на северниот брег на Франција, со население од околу 120.000 жители. На полуостровот живеат вкупно околу 250.000 луѓе

На територијата на полуостровот се наоѓаат и следните населби:

Наводи

уреди