Вир (река)
Вир — река во Нормандија, Франција, чиј тек долг 128 километри минува низ департманите Калвадос и Манш, минува низ градовите Вир, Сен-Ло и Изињи-сир-Мер[1], и на крајот се влева во Ламанш. Нејзини главни притоки се Ор, Ел и Сулевр.
Вир La Vire | |
---|---|
Вир на границата меѓу Карвил и Сент-Мари-Ломон | |
Местоположба | |
Држава | Франција |
Физички особености | |
Извор | |
• место | Нормандија |
• надм. вис. | 300 m |
Устие | |
• место | Ламанш |
• координати | 49°21′24″N 1°7′13″W / 49.35667° СГШ; 1.12028° ЗГД |
Должина | 128 km |
Големина на сливот | 1.240 km2</sup) |
Особености на сливот |
Вливот на Вир е канализиран и го формира пристаништето Изињи-сир-Мер.
Се вели дека поетите од долината Вир (Vau de Vire) го вовеле водвиљот.[2]
Места долж реката:
- Калвадос (14): Вир, Пон-Фарси, Изињи-сир-Мер
- Манш (50): Теси-сир-Вир, Троаго, Торињи-сир-Вир, Конде-сир-Вир, Сент-Сузан-сир-Вир, Сен-Ло, Рампан, Понт-Ебер, Ла Моф, Кавињи.
Хидрологија и квалитетот на водата
уредиОпшто земено, кафеавите води на Вир се умерено алкални, според тестирањето од Лумина Тех нивниот pH е 8,31. (Хоган, 2006) Водите на реката се релативно заматени, со мерење со диск Секи од 12 сантиметри.
Историско значење
уредиНа крајот на 10 век, териториите на Кралството Бретања биле проширени до Вир од нивниот крал Алан I.
Наводи
уреди- ↑ Сандр. „Податоци за течението — La Vire (I4--0200)“.
- ↑ An Invisible Object. [Connections3 DVD]. Ambrose Video Publishing, Inc.. September 2, 2003.
Надворешни врски
уреди- Atlas des Routes de France, Solar Press: Donnees IGN (2007)
- Hogan, C. Michael, Water quality of freshwater bodies in France, Lumina Tech Press, Aberdeen, Scotland (2006)
- http://www.geoportail.fr Архивирано на 15 декември 2010 г.