Коста Трајанов
Коста Трајанов ( 1923 во Побожје, Скопско — 1944 во Чучер, Скопско) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]
Животопис
уредиИзраснал во сиромашно земјоделско семејство. Завршил основно образование, а потоа се занимавал со земјоделство. Бил симпатизер на народноослободителното движење и во рамките на можностите материјално го помагал. Во септември 1944 година, стапил во редовите на Шеснаесеттата македонска ударна бригада, во Младинскиот баталјон, кој постигнал бројни победи против балистичките банди на територијата на Скопска Црна Гора. Учествувал и во успешните акции против германските моторизнрани колони во Качаничката Клисура. Во октомври 1944 година храбро загинал во една борба пpoтив балистичките оружени сили, кај Чучерски Рид. Посмртните останки му биле пренесени и закопани во гробиштата во родното место.[1]