Костас Новакисмузичар и пејач на македонски народни песни во егејскиот дел на Македонија.

Животопис

уреди

Костас Новакис е роден во 1957 година во село Куфалово, Солунско, Егејска Македонија, каде работи како заболекар. Во 90-тите години започна да пее традиционални македонски песни во повеќе делови на Егејска Македонија. Овие песни обично ги пее сам, но понекогаш со неговата сопруга. Во 2002 и 2003 издаде три ЦД-ња со македонски песни заедно со музичари од Гевгелија и Богданци од другиот дел на границата, односно од Република Македонија. Ова издаваштво беше забележано како „крајот на табу темата“ бидејќи во минатото не беше дозволувано да се пее на македонски јазик во Грција. Тој изјавува дека има испеано повеќе од 1000 песни на својот јазик кои вртат во етерот на радијата на македонски јазик во овие краишта.

Поврзано

уреди