Косара Гочковамакедонски писател за деца.

Животопис

уреди

Косара Гочкова е родена на 5 јануари 1932 година во Кичево. Завршила Филолошки факултет во Скопје. Доктор по филолошки науки. Работела како просветен работник. Работела во Министерството за образование на Република Македонија. Член на ДПМ од 1989 година. Автор е на книгите: Децата дури спијат (поезија за деца, 1976), Синооко изворче (поезија за деца, 1979), Бојата на светлината (поезија за деца, 1981), Сребрена сончева роса (поезија за деца, 1984), Ѕвезди на слободата (поезија за деца, 1988), Утрински ѕвона (поезија за деца, 1999). Добитник е на наградата „Климент Охридски“.