„Синооко изворче“поезија за деца на македонската писателка Косара Гочкова.

Синооко изворче
АвторКосара Гочкова
ЗемјаМакедонија Македонија
Јазикмакедонски
Жанрпоезија
Издавач„Детска радост“
Издадена
1979
Медиумпечатено издание

Содржина

уреди

Поезијата за деца на македонската писателка Косара Гочкова е разнообразна и има теми за најразлични пригоди, поради што долго време оваа збирка поезија била и лектирно издание, задолжителна лектира за учениците од трето одделение. Таа била придружна книга која покривала многу теми од училишната програма во тоа време во СРМакедонија - како што напишал Глигор Поповски во својот осврт кон делото.[1]

Таа се издвојува со посебниот пристап кон поезијата за деца, идиличноста и залагањето за здраво детство.

Изданија

уреди

Првото издание било во 1979 година од издавачката куќа „Детска радост“, Скопје (Библиотека Другарче, книга 6)[2] Подоцна книгата е реиздавана како лектирно издание на Здружените издавачи: „Детска радост“, „Македонска книга“, „Култура“, „Мисла“ и „Наша книга“.

Осврт кон делото

уреди

Косара Гочкова се одликува со својата ангажираност поезијата да му се доближи на детето уште од најмала возраст, за поетскиот збор да допре до срцата на читателот што порано, па така да се определи на страната на убавото, чесноста, добрината и човечното преку стихот, звукот, сликата и мислата. Слично на српската поетеса Десанка Максимовиќ, и кај Косара Гочкова има радост од живеењето и среќа од самиот факт на постоењето. „Косара Гочкова не експериментира со формата, таму е класична и стандардна во поетските форми, користејќи ритам и рима да се доближи музикално до срцето на младиот читател, затоа што како долгогодишен поет-педагог таа чувствува и знае дека децата така помнат и учат“. [3]

Наводи

уреди
  1. Синооко изворче, Косара Гочкова, 1990, Здружени издавачи, Скопје (Приод кон делото 29-30)
  2. Синооко изворче, Косара Гочкова, 1990,„Детска радост“, Скопје (Библиотека Другарче, книга 6)
  3. Синооко изворче, Косара Гочкова, 1990, Здружени издавачи, Скопје (Приод кон делото 29-30)