Корисник:Marija Pavleska Petreska/Пештера Пештера Македонски Брод
Пештерата Пешна, која се наоѓа на 6 километри од Македонски Брод е една од најатрактивните природни убавини на Македонија. До неа се доаѓа по живописна патека загрната во дрјва и грмушки која ве води до неверојатно големиот пештерски влез.
Пештерата е прогласена за споменик на природата: „Од крајниот северен дел на пештерата, по силни дождови и топење на снегот избива силен вруток кој во сушните периоди од годината наполно пресушува. На влезниот дел на пештерата постои средновековна тврдина.“
Велат дека Пешна е пештера со најголем отвор и кубатура во Европа!Енигмата за отворот - Според спелеолозите, Пешна е со најголем отвор на Балканот - таваницата на отворот е 30 метри висина. Според проектот „природно наследство“, „нејзиниот влез е со значителни димензии: 16,8х52,4 м.“
Неколку стотини метри од пештерата тече реката Треска, која е идеално место за рибарење и пикник. Среќна околност за рибарите кои немаат среќа е блискиот мотел Пешна кој има сопствен рибник. Но, не е само големината на Пешна она што е
Фасцинирачко
уреди
Сводот и ѕидовите се во неверојатни бои, од светлозелена до виолетова, а внатре има извор на вода која надоаѓа на пролет и во зима. Кога водата ќе надојде, Пешна ечи од татнежот на водопадите кои се внатре во неа.
Од крајниот северен дел на пештерата, по силни дождови и топење на снегот избива силен вруток кој во сушните периоди од годината наполно пресушува. Според мештаните, врутокот е реката Пешна, понорница која претходно понира, а според извесни теории е Крапска река која формира неколку подземни езерца и водопади во најголемиот
Пештерски систем
уреди
кај нас, за кој се претпоставува дека е долг неверојатни десет километри! Во подземните езера на Пешна се пронајдени слепи риби, какви што спелеолозите не виделе никаде на друго место! Осумгодишните истражувања на еден од најголемите пештерски системи во Македонија што ги вршеле нашите спелеолози заедно со нивните француски колеги довеле до овие откритија, со кои се откриваат неверојатни подземни богатства, единствени на планетава.
- Подземниот систем засега е делумно докажан, со боење на водите што понираат од реката Крапа. Забележано е дека истата вода излегува на повеќе места во поречкиот регион, во Пешна и во нејзината околина, а дел од неа излегува дури на другиот крај од Треска, односно таму има река под река. Понорниците во Македонија се многу ретка појава. Овде водата излегува на 5-6 километри оддалеченост по воздушна линија, но ние претпоставуваме дека нејзиниот подземен систем е долг околу десет километри - вели Иван Жежовски, претседател на спелеолошкото друштво „Пеони“.
Досега бил истражен еден и пол километар од системот, но се влегло од спротивната страна, откај Крапа, бидејќи масивните блокови во Пешна било опасно да се уриваат. Имало многу високи вертикални спустови, како и тесни премини, што уште повеќе ги отежнувале условите за истражување. Но тоа што најмногу ги изненадило спелеолозите досега, биле слепите риби што ги пронашле во
Подземните езера
уреди
- Тоа е најверојатно вид што порано живеел над земја, но единките со текот на времето пропаѓале и го загубиле сетилото за вид, бидејќи не им било потребно нешто што е вообичаено за подземните суштества. Некои од спелеолозите ги ставија рацете во езерото, а рибите воопшто не реагираа, што значи дека ништо не гледаат. И во други пештери живеат риби, на пример околу Матка, но тие имаат контакт со надворешниот свет и затоа се уште гледаат. Овие се отсечени од светот. Не се осмеливме да земеме примерок, бидејќи нема каде да се анализира - објаснува Жежовски.
Средновековна тврдина
уреди
Во внатрешноста има остатоци од камена градба и остатоци од воденички камења. Се вели дека некогаш тука се вртеле колцата на дури 23 воденици! Легендата вели дека Крале Марко имал пет ќерки. На две од нив Марко им изградил живеалишта-тврдини. На постарата, Пешна, и изградил дом во самата пештера, а на помалата, Дева, на ридот спроти пештерата, оддалечен неколку стотини метри кон запад. И од нејзиниот дом има остатоци на врвот од ридот. Според нивните имиња се и сегашните топоними, селата Пешна и Девич
Пештерата Пешна во „Њујорк тајмс“ е опишана како идентична на измислените пештери во „Господарот на прстените“. Замокот изграден внатре во пештерата изгледа слично на Хелмс Дип од "Господарот на прстените".
Пешна и Девич
уреди
Локалните легенди велат дека во двете тврдини живееле сестрите, а не ќерките на Крале Марко. Инаку, науката вели дека Пешна е локалитет од доцноантичкиот период во Македонија, зашто во близина на селото Слатина, пред пештерата е откриена гробница со свод од тули и страничен влез од западната страна.
Прошетката до Пешна „се исплаќа“ и заради недопрената природа на овој крај, синилото на небото кое не може да се види од смогот во градовите, мирот и тишината.
Marija Pavleska Petreska 14:23, 14 мај 2013 (CEST)
Оваа статија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
Овој корисник е член на вики-проектот БИКМ 2013 |