Корисник:Dentedeleone/The Kinks
The Kinks ― англиска рок-група основана во Лондон во 1963 година од браќата Реј и Дејв Дејвис. Тие се сметаат за една од највлијателните рок-групи од 1960-тите.[1] [2] Групата се појавила за време на зенитот на британскиот ритам и блуз и мерсибит, и била дел од британската инвазија на САД додека не добиле забрана за турнеи во 1965 година. Нивниот трет сингл, „You Really Got Me“ напишан од Реј Дејвис,[2] [3] станал меѓународен хит.[4]
Музиката на The Kinks е под влијание на многу музички жанрови како: американскиот R&B и рокенрол, а подоцна под британската фолк и кантри-музика. Групи како: Van Halen, The Jam, The Knack, the Pretenders и the Romantics ги преработиле нивните песни, со што помогнале да се зголеми продажбата на плочи на Kinks. Во 1990-тите, бритпоп-групи како Blur и Oasis навеле дека групата имала големо влијание врз нивната музика. [1]
The Kinks имале пет топ-10 песни на американскиот Билборд Хот 100. Девет нивни албуми се пласирале во топ-40.[5] Во ОК, тие имале седумнаесет топ-20 песни и пет топ-10 албуми.[6] Четири албуми на The Kinks се сертифицирани како златни плочи од Здружението на индустријата за снимање на Америка (RIAA), а групата продала преку 50 милиони плочи во светски рамки. Меѓу бројните почести, ја добиле наградата Ајвор Новело за „Извонредна услуга за британската музика“.[7] Во 1990 година, четирите први членови на The Kinks биле примени во Куќата на славните на рокенролот,[2] [3] а во ноември 2005 година и во Музичката куќа на славата во Обединетото Кралство.
Историја
уредиОсновање (1962–1963)
уредиБраќата Дејвис се родени во предградие на Северен Лондон, најмлади и единствени момчиња меѓу осумте деца на нивното семејство.[7]
Двајцата браќа го посетувале средното училиште Вилијам Гримшо, каде што со нивните соученици Пит Квејф и Џон Старт ја основале групата „Реј Дејвис квартет“. Имале низа водечки вокалисти, вклучувајќи го и Род Стјуарт,[7] уште еден ученик во Вилијам Гримшо,[8] кој со групата настапил барем еднаш на почетокот од 1962 година.[7] Потоа формирал своја група, Rod Stewart and the Moonrakers, кои станале месни конкуренти на Реј Дејвис квартет.[7]
Кон крајот на 1962 година, Реј Дејвис отишол да студира на колеџот за уметност Хорнси.[9] Додека сè уште бил во Квартетот, Реј се приклучил на Дејв Хант Бенд во кој накратко бил вклучен и Чарли Вотс на тапани.[9] Во февруари 1963 година, Дејвис го напуштил Дејв Хант и се приклучил на Хамилтон Кинг Бенд (исто така познат како the Blues Messengers).[9] На крајот на пролетниот семестар, тој го напуштил колеџот Хорнси за да студира филм на лондонското Централно училиште за уметност и дизајн. Тогаш Квартетот го променил своето име во the Ramrods.[9] Во јуни, Хамилтон Кинг Бенд се распаднал, [9] а the Ramrods продолжиле да настапуваат под неколку други имиња, како: the Pete Quaife Band, the Bo-Weevils, пред (привремено) да се одлучат за the Ravens.[3] [7] Групата ангажирала двајца менаџери, Гренвил Колинс и Роберт Вејс, а кон крајот на 1963 година, поранешниот поп-пејач Лери Пејџ станал нивен трет менаџер. Американскиот музички продуцент Шел Талми почнал да работи со групата, а промоторот на Битлси, Артур Хаус, требало да ги закажува настапите во живо на Ravens.[10] Во 1964 година Талми им обезбедил договор со Pye Records. Ravens го поканиле Мик Авори да биде нивен тапанар.[7] Авори имал искуство со џез-тапани и свирел еден концерт со новооснованите Ролинг Стоунс.[7]
Ravens се одлучиле за ново, трајно име: the Kinks.
Почетоци (1964–1965)
уредиПрвиот сингл на The Kinks била преработената песна од Литл Ричард „Long Tall Sally“. Објавен во февруари 1964 година, „Long Tall Sally“ бил речиси целосно игнориран, и покрај трудот на менаџерите на групата. Откако вториот сингл „You Still Want Me“ не успеал да се пласира на топ-листите,[7] Pye Records се заканил дека ќе го поништи договорот со групата ако и нивниот трет сингл не биде успешен.
- ↑ 1,0 1,1 Erlewine, Stephen. „The Kinks Biography on All Music.com“. AllMusic. Посетено на 20 November 2009.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 „The Kinks“. Rock and Roll Hall of Fame. 2007. Архивирано од изворникот на 27 June 2018. Посетено на 20 November 2009. Грешка во наводот: Неважечка ознака
<ref>
; називот „Hall Bio“ е зададен повеќепати со различна содржина. - ↑ 3,0 3,1 3,2 „The Kinks“. Blender.com. Архивирано од изворникот на 13 July 2010. Посетено на 8 December 2009. Грешка во наводот: Неважечка ознака
<ref>
; називот „Blender“ е зададен повеќепати со различна содржина. - ↑ „Charts And Awards“. Allmusic. Посетено на 20 November 2009.
- ↑ „Discography“. Allmusic. Посетено на 25 November 2009.
- ↑ Rogan, Johnny (2004). passim ("Chart Positions" data)
- ↑ 7,0 7,1 7,2 7,3 7,4 7,5 7,6 7,7 7,8 Hinman 2004.
- ↑ Ewbank, Tim; Hildred, Stafford (2005). Rod Stewart: The New Biography. стр. 7. ISBN 978-0-74995027-9.
- ↑ 9,0 9,1 9,2 9,3 9,4 Kitts 2008.
- ↑ Savage 1984.