Википедија:ВикиПроект Медицина

Кратенки:
ВП:МЕД

Доколку имате интерес за здравје и медицина и сакате да помогнете со енциклопедиската содржина на овие теми, тогаш ВикиПроектот Медицина е вистинското место за вас! Ова место е збир на заинтересирани волонтери и ресурси кои се наменети токму за оваа цел. Секој е добредојден да ни се придружи (без разлика на медицинските квалификации!).

Нашата мисија е да го зголемуваме бројот и квалитетот на слободните и лесно достапни здравствени и медицински информации на македонски јазик.

Оваа мисија ја исполнуваме преку:

  1. Пишување на нови енциклопедиски статии на теми од здравјето и медицината;
  2. Дополнување, подобрување и следење на веќе постоечките здравствени и медицински статии;
  3. Поставување на стандарди и напатствија за квалитетот и стилот на пишување на статиите од оваа тематика;
  4. Давање на помош, поддршка и ВикиЉубов за сите вклучени уредувачи!

Како да помогнете

уреди

Напишете нова статија

уреди

Ни недостасуваат статии за многу медицински теми, а некои од нив се особено важни и барани, така што пишувањето на нови статии е моментално најважната задача на проектот. Во долнава табела има препораки за статии кои можете да ги напишете:

Потребни медицински статии (прегледуреди)

Аерофагија - Апластична анемија - Беснило - Болка - Депресија - Емфизем - Забен кариес - Заразна болест - Здравствено осигурување - Изгореница - Јавно здравје - Кардиоваскуларна болест - Квашиоркор - Колика - Мигрена - Миокарден инфаркт - Мултипна склероза - Наузеа - Оток - Рак на дебело црево - Рак на кожа - Рак на цервикс - Рак на црн дроб - Санитација - Секундарна хипертензија - Синдром на дефицит на вниманието и хиперактивност - Сообраќајна несреќа - Траума - Уринарна инконтиненција - Флатуленција - Халитоза - Хемофилија - Хепатомегалија - Хиповолемија - Шарлах - Шигелоза -

Проширувајте медицински никулци

уреди

Никулец е статија која содржи само неколку реченици, што е премалку текст за да може енциклопедиски да се покрие една тема. Никулците од медицината можат да се најдат во:

Овие никулци имаат потенцијал да станат одлични статии! Додавајте информации и извори и тргнете ја ознаката {{медицина-никулец}} ако статијата веќе не е никулец.

Подобрете ги веќе постоечките статии

уреди

Во Категорија:Медицински статии за средување има статии со различни проблеми кои треба да се решат, поврзани со точноста, структурата, стилот, викифицирањете или изворите. Исто така, можете да ги проверувате статиите од врвна и висока важност и да ја подобрувате нивната содржина.

При средувањето, добро е да се имаат на ум напатствијата за стилот на медицинските статии.

Додавајте квалитетни извори

уреди

Точните и сигурни наводи се клучни за да можат статиите под овој проект да бидат проверлив извор на информации за нашите читатели. Додавањето на извори е лесно со помош на оваа алатка. Само додадете го идентификаторот (ID) од студијата на PubMed, ISBN, или пак друг идентификатор и ќе добиете код кој можете да го копирате и да го вметнете во статијата како навод (<ref>копираниот код</ref>).

Категорија:Статии што бараат повеќе медицински извори содржи статии од областа на медицината кои имаат потреба од повеќе веродостојни медицински извори.

Оценувајте ги медицинските статии

уреди
За повеќе информации, видете Википедија:ВикиПроект Медицина/Оценување.
  • На сите статии од областа на здравјето и медицината треба да им се додаде ознаката {{ВПМЕД|квалитет=|важност=}} на нивната страница за разговор. Притоа, треба да се зададе вредност на параметрите со тоа што ќе се оцени состојбата на статијата според критериумите за квалитет и критериумите за важност.
  • Ако статијата има потреба од медицински извори, на нејзиниот врв додадете: {{медизвори|датум=декември 2024}}
  • Ако статијата има повеќе проблеми за средување, на нејзиниот врв додадете: {{медвнимание|датум=декември 2024|причина=}}
Притоа, параметарот причина= е незадолжителен, но ако ја ставате предлошкава, корисно е да дадете краток опис за проблемот заради кој го ставате (на пример, „потребно е викифицирање“ или „има потреба од преглед од експерт на темата“).
  • Секако, секогаш е најдобро да не го означувате проблемот, туку да ја уредите страницата и храбро да го решите!

Предлошки

уреди

Поврзани со статии

уреди

Инфокутии

уреди

Видете ги страниците за документација на овие предлошки за упатства за нивно користење, но за сите е препорачано да го искористите кодот од соодветната статија на англиската Википедија.

Поврзани со категории

уреди

Последните двњ предлошки се прегледнички кутии наменети за категориите во кои се сместени медицинските статии по различни класи на квалитет и важност.