Корека
Корека (италијански: Coreca), на месното наречје: Корака или Корика (Coraca, Corica) — поделок на општината Амантеја во покраината Козенца, Калабрија, Италија. Сместена е недалеку од Кампора Сан Џовани.
Корека Coreca | |
---|---|
поделок | |
Земја | Италија |
Регион | Калабрија |
Покраина | Козенца (CS) |
Општина | Амантеја |
Површина | |
• Вкупна | 4 км2 (2 ми2) |
Надм. вис. | 18 м |
Население (1 јануари 2017) | |
• Вкупно | 700 |
• Густина | 180/км2 (450/ми2) |
Час. појас | CET (UTC+1) |
• Лето (ЛСВ) | CEST (UTC+2) |
Пошт. бр. | 87032 |
Повик. бр. | 0982 |
Светец-заштитник | Богородица Ангелска |
Слава | 22 август |
Географија
уредиОпфат
уредиПоделокот се граничи со јужниот дел од Тиренското Море на запад и гратчето Амантеја на југ, каде почнува границата со Кампора Сан Џовани. Пределот претежно се состои од карпест ’рт, а сретселото лежи во низина. Територијата опфаќа и ридесто подрачје и широки плажи. Климата е умерена.
Стопанство
уредиГлавна стопанска дејност на Корека е туризмот и хотелиерството, кое е развиено поради живописниот брег. Мошне посетувано место се Коречките Гребени, кое воедно е собиралиште на радиоаматерите. Има мали фабрики во кои се произведува грана, мебел и машинерија.
Населени места
уредиПочнувајќи од 2017 г. одделот Корека се состои од следниве села:
|
|
|
Знаменитости
уредиЦрква „Богородица Ангелска“
уредиГлавна црква е „Богородица Ангелска“ (Мадона дељи Анџели), изградена во 1965 г. во посовремен но скромен стил, и сместивост од 65 лица. Секоја година се селската слава (22 август) се одбележува со поворка по улиците.
Плоштад „Богородица Ангелска“
уредиСретселото го бележи плоштадот „Богородица Ангелска“, наречен по соседната црква и овенчан со статуа на Богородица.
Корачки Пештери
уредиЗначајно обележје на овој крај се Корачките Пештери, каде се ископувала железна руда уште од древно време. За време на Втората светска војна, истите служеле како засолниште за мештаните и складиште за британската и американската окупациона војска. Подоцна, сè до почетокот на XXI век во нив се одржувале божиќни и велигденски свечености.
Коречка кула или „Туриела“
уредиСеверно од самата Корека, на падините на ридот Тувуло се наоѓа кулата „Туриела“ е делумно срушена, забележителна по тоа што претставува мешавина од стилови со кои е преуредувана низ вековите. Служела како стражарница, вардејќи го местото од нападите на Арапите, Норманите и околните велможи, па сè до доаѓањето на германските, а потоа и британско-американските единици во Втората светска војна. Кулата е лесно пристапна од патот за Тонара на север и од патот од Маринела на југ.
Галерија
уреди-
Црквата „Богородица Ангелска“
-
Плоштадот навечер
-
Плоштадот навечер
-
Кулата Туриела
-
Коречкиот Залив
-
Плажата од Ла Скољера
-
Коречките Гребени