Коралпе (Коралм[1]; германски: Koralpe, словенечки: Golica) — планински венец во јужна Австрија, кој ја разделува источна Корушка од јужна Штаерска. Јужниот дел од венецот навлегува во Словенија.[2] Веригата се простира од север на југ и е ограничена од реката Лавант на запад и реката Мура (германски: Sulm, Зулм) на исток. На југ, на словенска територија, Коралпите се граничат со планинскиот венец Козјак. На источните падини на Коралпите се наоѓа заштитената природна територија Зекар-Берентал[3].

Коралпи
германски: Koralpe
словенечки: Golica
верига
Централниот дел на Коралпите со Гросе Шпајкогел
Земји Австрија, Словенија
Највисока точка Гросер Шпајкогел (германски: Grosser Speikkogel)
 - височина 2 140 м

Врвови

уреди

Највисоката точка е врвот Гросер Шпајкогел (2 140 м). Тој е популарно туристичко место. На планината се наоѓа исто така и телевизиска и радиоантена, како и радар на австриската армија. Во североисточниот дел на венецот се наоѓа врвот Рајнишкогел (1 463 м), кој исто така е популарна туристичка атракција за жителите на Грац.

Геологија

уреди

Планинската верига Коралпи во основа се состои од метаморфни карпи, од кои некои претставуваат значителен интерес за геолозите и колекционерите на полускапоцени камења. Во средишниот дел и околу Вајнебене (исто така популарна рекреациона и туристичка зона), венецот има пегматитови слоеви, кои содржат значителни количества сподумен, што го прави овој реон најпознатиот литиумов рудник во Европа. Наоѓалиштата на кварц и фелдспат, заедно со густите шуми, во минатото се во основата на индустриското производство на стакло, керамика, порцелан и изолациони материјали.[4]

Железнички транспорт

уреди
 
Западниот влез на идниот тунел

Железничкиот транспорт во Коралпите е во тек на градба. Во 2022 година тој ќе ги поврзува провинциските центри Клагенфурт и Грац со тунел под планинскиот венец. Проектираната должина на тунелот е 32,9 километри, по завршувањето тој ќе биде еден од најдолгите тунели на светот[5]

Наводи

уреди
  1. «Koralm» im Landesgesetzblatt Nr. 37/2005.
  2. Drago, Perko (2001). Analiza površja Slovenije s stometrskim Digitalnim modelom reliefa. Založba ZRC. стр. 181.
  3. Naturschutzgebiet Seekar-Bärental (abgerufen 30.
  4. Leopold Weber (Hrsg.
  5. Johannes Fleckl-Ernst: Geodätische Herausforderungen beim Projekt „Koralmtunnel“.

46°48′00″N 14°58′59″E / 46.800° СГШ; 14.983° ИГД / 46.800; 14.983