Пегматит
Откако најголемиот дел од гранитната интрузија ќе се олади и кристализира, преостанатата течна магма преминува во цврста состојба и создава премногу крупнозрнести карпи наречени пегматити. Пегматитите обично се јавуваат во облик на плочи или леќи на работ на гранитните плутони. Како и гранитот, пегматитите главно се состојат од кварц, фелдспат и момирок. Пегматитите претставуваат важен извор на индустриски минерали и на ретки елементи, како, на пример, борот, берилиумот и литиумот. Тие образуваат и скапоцени минерали како што се турмалинот и берилот.