Конзервирани импресии

„Конзервирани импресии“ — збирка куси раскази од македонскиот писател Горан Стефановски. Збирката е објавена во 2004 година од издавачката куќа „Темплум“.

Технички податоци

уреди

Книгата е објавена како 13 книга на библиотеката „Магма“. Книгата е отпечатена во мал формат (18 сантиметри), во мек повез и има 107 страници. Каталогизацијата е извршена во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ - Скопје и ја носи ознаката ISBN 9989-902-38-0. Графичкото уредување и дизајнот на книгата е дело на фирмата „Точка“, а книгата е испечатена во печатницата „Винсент графика“. На предната корица се ставени објекти од Жерар Брасел. На задната корица се наоѓа мал осврт врз делото.[1]

Содржина

уреди

Збирката „Конзервирани импресии“ содржи 101 кус расказ. Од нив, расказите под реден број 1-20 претходно биле објавени во списанието „Разгледи“, во 1974 година; оние под реден број 21-45 биле објавени во „Разгледи“, број 5, од 1979 година; оние под реден број 46-72 биле првобитнообјавени во „Разгледи“, број 10, од 1980 година; додека расказите под реден број 73-101, напишани во периодот 1980-1983, за првпат се објавени во оваа збирка.[2]

Наводи

уреди
  1. Горан Стефановски, Конзервирани импресии, Темплум, Скопје, 2004.
  2. Горан Стефановски, Конзервирани импресии, Темплум, Скопје, 2004, стр. 107.