Количество супстанција

(Пренасочено од Количество супстанца)

Количество супстанцафизичка величина која го карактеризира количеството на еднотипните градбени единки кои се содржат во дадена супстанца. Како градбени единки се сметаат сите оние честички од кои се состои супстанцата (атоми, молекули, јони, електрони или било кои други честички). Единица мерка за количество супстанца во SI е мол (mol).

Оваа физичка величина се користи за мерење на макроскопски количества супстанца во оние случаи кога за бројниот опис на изучуваните процеси е неопходно да се земе предвид микроскопската градба на супстанците, на пример, во хемијата, при изучувањето на процесот на електролиза, или во термодинамиката, при опишувањето на равенката за состојбата на идеалниот гас.

При опишувањето на хемиските реакции, количеството супстанца се јавува како посоодветна величина отколку масата, бидејќи молекулите заемодејствуваат независно од нивната маса во количества кои се умножки од цели броеви.

На пример, при реакцијата на согорување на водородот (2H2 + O2 → 2H2O), потребно е двапати поголемо количество супстанца водород отколку кислород. Според ова, масата на водородот кој учествува во реакцијата е околу 8 пати помала од масата на кислородот (бидејќи атомската маса на водородот е приближно 16 пати помала од атомската маса на кислородот). На ваков начин, користењето на количество супстанца ја забрзува интерпретацијата на израмнувањето на реакцијата: соодносот меѓу количествата на реагирачките супстанци непосредно ги одразува коефициентите во равенките.

Употребата на непосредното количество на молекули во пресметките е несоодветно, бидејќи таа вредност во реалните експерименти е многу висока, па затоа наместо мерење на молекулите „во делови“, нив ги мерат во молови. Фактичкото количество на единките од супстанцата во 1 мол се нарекува Авогадров број, односно Авогадрова константа (NA = 6,022 141 79(30)×1023 mol−1).

Количеството супстанца се означува со грчката буква ν (ни) или, упростено, со латинската n (ен). За пресметување на количеството супстанца врз основа на неговата маса се користи поимот моларна маса: , каде m - маса на супстанцата, M - моларна маса на супстанцата. Моларната маса е сумарната маса на еден мол молекули од дадена супстанца. Моларната маса на супстанцата може да биде добиена со множењето на молекуларната маса на таа супстанца со количеството молекули во 1 мол - Авогадровиот број.

Според Авогадровиот закон, количеството на гасовитата супстанца може да се определи врз основа на нејзиниот волумен: = V / Vm, каде: V - волумен на гасот (при нормални услови), Vm - моларен волумен на гасот при нормални услови, еднаков на 22,4 l/mol.

Формулата за определување на количество супстанца е:

каде:

Симбол Значење Износ и мерна единица
n количество супстанца ? mol
m маса ? g
M моларна маса на супстанцата (Ar или Mr) gmol−1
N број на единки ? (нема единица мерка)
L Авогадрова константа 6,022•1023 mol−1
V0 волумен на супстанцата при стандардни услови (0 °C, 101325 Pa) ? dm3
Vm моларен волумен на супстанцата 22,4 dm3 mol−1

Забелешка: ? означува вредност која е во зависност од задачата.

Примери

уреди
Пример 1
уреди

Пресметајте го количеството на хлор во 200 g.

 
 
 
Пример 2
уреди

Да се пресмета количеството на натриумовите јони во 0,5 g кујнска сол.

 
 
 
 
 
Пример 3
уреди

Во примерок од хром(III) хлорид со маса од 0,08 g, да се пресмета количеството на хлоридни јони.