Коберн Таун

главен град на Туркс и Кајкос
(Пренасочено од Кокберн Таун)

Коберн Таун (англиски: Cockburn Town) — главен град на островската територија Туркс и Кајкос во Карибите.

Коберн Таун
Cockburn Town
Главен град
Местоположба на Туркс и Кајкос во рамките на Северниот Атлантски Океан
Местоположба на Туркс и Кајкос во рамките на Северниот Атлантски Океан
Кокберн Таун на карта на Туркс и Кајкос
Кокберн Таун на карта на Туркс и Кајкос
Координати: 21°27′32″N 71°08′20″W / 21.459° СГШ; 71.139° ЗГД / 21.459; -71.139
Држава Обединето Кралство
Прекуморска територија Туркс и Кајкос
ОстровГранд Турк
Основан1681
Население
 • Вкупно3.700

Географја

уреди

Градот се наоѓа на островот Гранд Турк — најголемиот остров во архипелагот Туркс. Улиците Дјук и Фронт Стрит во центарот имаат стари градби својствени за бермудската архитектура од XVIII и XIX век. Има долги тесни улици и стари улични светилки.

Најблиското сидриште е Хокс Нест. Иако е добро засолнето, во него се влегува на дневна светлина поради гребените близу влезниот дел.

Историја

уреди

Коберн Таун е административен центар на територијата уште од 1766 г. и воедно прво трајно населено место во целата група ан Туркс и Кајкос, основано во 1681 г. од соларски работници. Мештаните веруваат дека градот е изграден на местото кајшто првпат се истоварил шпанскиот конквистадор Хуан Понсе де Леон.

Знаменитости

уреди

Национален музеј

уреди
 
Националниот музеј на Туркс и Кајкос

Во градот се наоѓа Националниот музеј на Туркс и Кајкос, сместен на Фронт Стрит во поранешен дом стар 180 години. Објектот во голема мера е изграден од материјали земени од бродоломи, вклучувајќи бродски јарбол, кој има улога на главна потпора на куќата. Објектот (наречен „Гвинеп Хаус“) му е подарен на музејот во 1990 г.[1]

Во музејот се изложени разни експонати од историјата на територијата, како што се предметите на домородните Лукајци, експонати од вселенската трка, месни поштенски марки, ропството и историјата на прекуатлантската трговија со робови, производството на сисал и сол, кралски настани и општата историја на островите. Музејот има и градина.

Од особен интерес се изложените останки од бродоломи, вклучувајќи ги останките најтариот европски бродолом во Америка, кој се случил во 1505 г.[2]

Установата води разни проекти, меѓу кои и проектот „Порака во шише“ со кој се документираат шишиња со писма наскунани на островот Гранд Турк во последните 40 години .[3]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. "Guinep House". Архивирано на 28 јули 2011 г. Turks & Caicos National Museum посет. 29 јануари 2010 г
  2. "Molasses Reef Shipwreck". Архивирано на 23 јануари 2010 г. Turks & Caicos National Museum посет. 29 јануари 2010 г
  3. "Message in a Bottle". Архивирано на 28 јули 2011 г. Turks & Caicos National Museum посет. 29 јануари 2010 г

Надворешни врски

уреди