Сашо Кокаланов

(Пренасочено од Кокаланов)

Сашо Кокалановмакедонски новинар, романописец, и драмски автор.[1] Роден е на 9 октомври 1977 година во Скопје, Република Македонија. Дипломирал новинарство во 2001 година на универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, а магистрирал на Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања. Ги објавил романите Самецот (2003), Ноќ на железничката станица во Розендал (2003) и Изабела, Исмаела и јас (2004), како и драмскиот текст Кафез за будали (2001). Неговите романи се преведени на српски и на бугарски јазик. Бил главен и одговорен уредник на весникот „Дневник“ во периодот од 2008 до 2011 година. Кокаланов е еден од авторите кои ги пишуваа и адаптираа сценаријата за македонските телевизиски серии: „На терапија“, „Преспав“ и „Инсајдер“.[2].

Сашо Кокаланов
Роден(а)9 октомври 1977
Скопје, Република Македонија
Занимањеновинар
писател-романописец, драматург
Активен период2000-денес

Кокаланов е тема на краткиот расказ „Реки, езера и мориња во ранецот“ на македонската писателка Оливера Ќорвезироска од 2021 година.[3]

Наводи

уреди
  1. Literaturni Balkani. Izd-vo "Balkani", 2005.
  2. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2017-10-21. Посетено на 2017-10-11.
  3. Оливера Ќорвезироска, Престапни години (прозен календар). Скопје: Бегемот, 2021, стр. 422.