Ковче (Речица)
археолошко наоѓалиште во Македонија
„Ковче“
| |
Местоположба | 41°12′48″N 20°56′29″E / 41.21333° СГШ; 20.94139° ИГД |
Основни податоци | |
---|---|
Место | Речица |
Општина | Охрид |
Тип |
|
Период | среден век |
Портал „Археологија“ |
Ковче или Падина — археолошко наоѓалиште во охридското село Речица. Претставува средновековна црква и некропола. На околу 5 км западно од селото и 1,5 км десно од реката Грдејца, на просторот обрснат со дрвја се забележуваат остатоци од градба, односно купишта од градежен материјал. Според кажувањата на жителите, овде се наоѓала црквата од старото село Полчани кое се наоѓа на околу 800 м западно. Југозападно од остатоците на црквата се забележуваат камени плочи од гробни конструкции.[1]
Поврзано
уреди- Задружни Штали — некропола од железното и римското време;
- Лозишта — депо на бронзен накит и железното време;
- Манастириште - Св. Недела — средновековна црква;
- Полчани — средновековна населба;
- Речица;
- Список на археолошки наоѓалишта во Охридско;
- Список на средновековни некрополи во Македонија.
Наводи
уреди- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. стр. 275, Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
Оваа статија поврзана со археологијата на Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |