Климент Малевски
Климент Малевски (роден на 10 октомври 1917 година во Струга - починал на 18 јули 2002 година во Скопје) — македонски протојереј-ставрофор, член на Иницијативниот одбор за организирање на Македонската православна црква и учесник на црковнонародните собори за возобновување на Охридската архиепископија и прогласување на автокефалноста на Македонската православна црква (1958 и 1967).[1]
Климент Малевски | ||
Роден | 10 октомври 1917 Струга | |
---|---|---|
Починал | 18 јули 2002 Скопје, Македонија | |
Националност | Македонец | |
Занимање | црковно лице |
Бил архијерејски заменик на Преспанско-пелагониската епархија. Носител е на повеќе црковни одликувања: од Ерусалимскиот и од Рускиот патријарх, од Атинскиот архиепископ и од Синодот на Македонската православна црква (Светиклиментов орден од Ⅲ ред).
Наводи
уреди- ↑ Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Малевски“. Македонска енциклопедија. , книга II (М-Ш). Скопје: МАНУ. стр. 902. Text "series " ignored (help)