Кларенс Зенер (англиски: Clarence Melvin Zener; 1 декември 1905 - 15 јули 1993) – американски физичар кој прв ја опишал електричната одлика на Зенеровата диода која Беловите лаборатории ја нарекле според неговото име. Зенер бил теоретски физичар со математичка позадина. Исто така пишувал на разни теми вклучувајќи ги суперспроводливоста, металургијата и геометриското програмирање.

Кларенс Мелвин Зенер
Clarence Melvin Zener
Златен медалјон со врежана слика на Кларенс Зенер
Роден(а)1 декември 1905(1905-12-01)
Индијанаполис, Индијана, САД
Починал(а)2 јули 1993(1993-07-02) (возр. 87)
Питсбург, Пенсилванија, САД
Националностамериканска
Образование
Работодавач
Познат(а) поЗенерова диода, Геометриско програмирање

Зенер е роден во Индијанаполис во Индијана и докторирал физикана Универзитетот Харвард во 1930 година со тезата „Квантната механика на формирање одредени видови двоатомски молекули “(англиски: Quantum Mechanics of the Formation of Certain Types of Diatomic Molecules). Предавал на неколку американски универзитети пред да почне да работи во Вотертаун арселна во текот на Втората светска војна. Предавал на Универзитетот во Чикаго (1945-1951), работел во Вестингхауз електрик (1951-1965), предавал на Универзитетот Тексас (1966-1968), а потоа и на Универзитетот Карнеџи Мелон (1968-1993).

Поврзано

уреди