Зенерова диода
Зенерова диода или Зенер-диода – силициумова полуспроводничка диода чиј пробоен напон во инверзен режим на работа е значително помал отколку кај вообичаените диоди благодарение на Зенеровиот ефект. Пробојниот напон на диодата при инверзна поларизација често се нарекува „Зенеров напон“. Зенеровите диоди се користат за стабилизација и ограничување на напонот.[1]
Зенерова диода | |
---|---|
Зенерова диода | |
Тип | пасивен |
Пронаоѓач | Кларенс Зенер |
Распоред на контактите | анода и катода |
Ел. симбол | |
Потекло на поимот
уредиОваа диода името го добила по американскиот научник Кларенс Зенер.
Начин на работа
уредиКларенс Зенер објаснил како кај полуспроводничките диоди со голема концентрација на нечистотија се зголемува спроводливоста во инверзен режим на работа заради тунелирање на електроните од валентната во спроводната област. За диодите со поголем пробоен напон доминира ефектот на лавина, појава при која електричното поле толку ги забрзува електроните така што со удар во атомите од валентната област избиваат нови електрони во спроводната област, но вообичаено и овие диоди да се нарекуваат Зенерови, додека називот „пробојна диода“ се користи само за повисоки напони.
При Зенеровиот ефект температурниот коефициент е негативен, а кај лавинскиот ефект е позитивен, па вкупниот температурен коефициент е најмал за диодите со Зенеров напон од околу 5 волти, бидејќи тогаш двата ефекта се уедначени.
Симбол
уредиСимболот на Зенеровата диода е даден на сликата.
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Millman, Jacob (1979). Microelectronics. McGraw Hill. стр. 45–48. ISBN 0-07-42327-X.