Километражник

Километражник[1]мерен инструмент кој овозможува мерење на растојанието кое го поминува превозното средство. Овој уред може да биде електронски или механички.

Километражник во централниот дел на брзиномер.

ИсторијаУреди

 
Реконструкција на километражникот на Херон Александриски, 1 век од нашата ера

Километражникот бил измислен во античко време за мерење на растојанија на теренот од страна на геометрите.

Како и многу други пронајдоци, километражникот е независно откриен на многу места и времиња, вклучувајќи ги:

Принцип на работаУреди

 
Километражник на Леонардо да Винчи (Codex Atlanticus f.1.r).

Тркалото, кое е во директен допир со тлото, се врти и покренува хоризонтална плоча. Оваа пак има кутии и секоја од нив содржи топче или камче. На одредена позиција, секоја кутија поминува преку дупка која ослободува едно топче кое паѓа во фиока. На крајот на мерењето бројот на паднати топчиња во фиоката го дава поминатото растојание. Очигледно е дека односот на пречникот на тркалото, запчаникот и растојанието на кутиите на плочата треба да биде добро пресметан.

Токму на овој едноставен принцип се произведени првите механички мерни километражници кои биле вградени во велосипеди. При секое вртење на тркалото, со делче прицврстено на шпица, се активирал механизам кој, преку сет запчаници, вртел плочки со броеви кои го означувале растојанието.

Механички километражникУреди

Механичките километражници се состојат од повеќе (кај автомобилите најчесто 5) дискови поставени еден до друг. Броевите од 0 до 9 се испишани на периметарот на секој од овие дискови. Дисковите се поставени на таков начин што е видлива само една цифра од секој диск. Секој диск е поврзан со систем за пренос кој се ротира 10 пати побавно од неговиот сосед десно, па оттука и бројот е децимален. Кај автомобилот, знаејќи го обемот на тркалата на возилото, може да се изведе растојанието кое истото го поминало. Во пракса, кабел го пренесува вртењето на секундарната оска на менувачот до километражникот на контролната табла или сет запченици обезбедува соодветен фактор на редукција.

Електронски километражникУреди

Постојат два начини на функционирање на електронските километражници:

  • Со зачувување на стариот механички систем (кабел со заштитна обвивка кој го поврзува излезот на информацијата за движењето до километражникот, кој е опремен со сетилник кој ја трансформира оваа ротација во електрични импулси);
  • Или како на најновата генерација на возила, чиј сетилник е интегриран во менувачот или друг уред за мерење на брзината и растојанието. Сетилникот е поврзан со едноставна жица која го пренесува сигналот до километражникот.

Калибрација и грешкиУреди

Сите километражници можат да дадат погрешни мерења доколку се променат димензиите на пневматиците, поконкретно доколку на погонските тркала се монтираат пневматици чиј обем е различен од оној на оригинално монтираните.

За да се реши овој проблем, може да се додаде делумен (а понекогаш и целосен) електронски километражник заснован на компјутер, сличен на таксиметарот.

ИзмамиУреди

Вредноста на возилото во голема мера зависи од нејзината километража, многу бројачи на километражата се менуваат со цел да се намали вкупно означената. Според една студија нарачана од Комитетот за транспорт и туризам на Европскиот парламент, измамите претставуваат помеѓу 5% и 12% од националната продажба на половни возила и помеѓу 30% и 50% од прекуграничната продажба.[2].

ПоврзаноУреди

НаводиУреди

Надворешни врскиУреди