Менувач на брзини

Менувач на брзини или само менувачлост за менување на брзини на возила како автомобили со рачен пренос и неколку чести облици на автоматски пренос.

Пример за шема на менување
Петбрзински рачен менувач во автомобил

Оваа направа се користи за менување на брзини; ова се прави додека истовремено се држи педалата за квачило со левата нога за да се ослободи моторот од преносниот механизам и тркалата.

Некои традиционални теренски возила со погон на четири тркала имаат втор менувач поврзан со редуктор, за тежок терен.

На горниот крај на менувачот има рачка која се управува за менување на брзините. Обично врз рачката има нацртан дијаграм на шемата на менување на брзини, т.е. правците во кои менувачот се поместува за менување на брзина.

Типичното возило со пет рачни брзини има седум можни позиции: пет брзини за право, рикверц и централна позиција наречена „лер“ или „неутрална“ (N) позиција. Некои возила имаат посебни копчиња против случајно менување во рикверц. Кај други пак бараат менувачот да се подигне, притисне надолу, или да се помести со поголема сила за да се добие рикверц.

Многу автоматски менувачи имаат и варијанти на менување како „sports“ или „economy“ кои даваат повисок или понизок број на вртежи по запченик, пред да се смени на погорна брзина.

Некои посебни возила имаат специјални функции на менувачот. Да речеме, Ленд Ровер Фрилендер има копче за активирање на контролата на спуст, која користи кочници за симулирање на функцијата на редуктор за стрмни спустови.

Поврзано

уреди