Кивиук (месечина)
Кивиук (Kiviuq) — неправилна месечина на Сатурн. Откриена е од канадските астрономи Џон Кавеларс и Брет Гледман[8] во 2000 г., кога ѝ е дадена привремената ознака S/2000 S 5.[9][10] Подоцна е наречен по јунакот Кивиук од ескимската (инуитска) митологија.[11]
Кивиук сликан во септември 2000 г. | |
Откривање[1] | |
---|---|
Откривач | Брет Гледман и Џон Кавеларс |
Откриено | 18 ноември 2000 |
Ознаки | |
S/2000 S 5 | |
Орбитални особености | |
Епоха 2000 февруари 26,00[2] | |
11.111 Гм | |
Занесеност | 0,3288 |
449,22 д (1,23 г) | |
Наклон | 45,71 |
Месечина на | Сатурн |
Физички особености | |
Среден пречник | 17+50 30 км[3] |
21,97 ± 0,16 ч[3][4] | |
Албедо | 0,04[5] претпост. |
Спектрален тип | B−V=0,87 R−V=0,66[6]/0,48[7] тип D[7] |
Месечината има пречник од 16-17 км и кружи околу Сатурн на просечно растојание од 11,1 милиони километри, исполнувајќи едно свртување за 450 дена. Член е на таканаречената Инуитска група на месечини. Има светлоцрвена боја, со инфрацрвен спектар мошне сличен на месечините Сијарнак и Палијак од истата група, што оди во прилог на тезата дека сите тие настанале со распад на едно матично тело.[7][12]
Се смета дека Кивиук е во Козаина резонанција, каде циклично претрпува намален орбитален наклон и зголемена занесеноста и обратно.[13]
Замавот на светлинската крива на Кивиук е голем, поради што сјајноста му се колеба за 2 величини. Ова укажува на издолжен обик, а можеби и допирна двојка.[3]
Истражување
уредиНа 30 август 2010 г. вселенското летало „Касини–Хајгенс“ ја измерило светлинската крива на телото на оддалеченост од 9,3 милиони километри. Според овие податоци, утврдено е дека вртежниот период му изнесува 21 час и 49 минути.[4]
Наводи
уреди- ↑ Discovery Circumstances (JPL)
- ↑ Средни орбитални параметри од JPL
- ↑ 3,0 3,1 3,2 Denk, T.; Mottola, S. (2019). Cassini Observations of Saturn's Irregular Moons (PDF). 50th Lunar and Planetary Science Conference. Lunar and Planetary Institute.
- ↑ 4,0 4,1 T. Denk, S. Mottola, et al. (2011): Rotation Periods of Irregular Satellites of Saturn. EPSC/DPS conference 2011, Nantes (France), abstract 1452.
- ↑ Scott Sheppard pages
- ↑ Grav, T.; Holman, M. J.; Gladman, B. J.; Aksnes, K.; Photometric survey of the irregular satellites, Icarus, 166 (2003), pp. 33–45
- ↑ 7,0 7,1 7,2 Grav, T.; and Bauer, J.; A deeper look at the colors of Saturnian irregular satellites
- ↑ Kavelaars, J. J., et al. The discovery of faint irregular satellites of Uranus Icarus 169 (2004), 474.
- ↑ IAUC 7521: S/2000 S 5, S/2000 S 6 18 ноември 2000 г. (откривање)
- ↑ MPEC 2000-Y14: S/2000 S 3, S/2000 S 4, S/2000 S 5, S/2000 S 6, S/2000 S 10 19 декември 2000 г. (откривање и ефемерида)
- ↑ IAUC 8177: Satellites of Jupiter, Saturn, Uranus August 8, 2003 (naming the moon)
- ↑ Gladman, B. J.; Nicholson, P. D.; Burns, J. A.; Kavelaars, J. J.; Marsden, B. G.; Holman, M. J.; Grav, T.; Hergenrother, C. W.; Petit, J.-M.; Jacobson, R. A.; and Gray, W. J.; Discovery of 12 satellites of Saturn exhibiting orbital clustering, Nature, 412 (12 јули 2001), pp. 163–166
- ↑ Ćuk, M.; and Burns, J. A.; On the Secular Behavior of Irregular Satellites, The Astronomical Journal, Vol. 128 (2004), pp. 2518–2541
Надворешни врски
уреди