Инуитска група
Инуитска група — група на напредни неправилни месечини на Сатурн кои следат слични орбити. Нивните големи поуоски се движат од 11 до 18 Гм, наклоните им изнесуваат од 40° до 50°, а занесеноста им е од 0,15 до 0,48. Потребни им се околу 2 години за да направат круг околу Сатурн.
Меѓународниот астрономски сојуз користи имиња од инуитската (ескимска) митологија за овие месечини.
Во првите набљудувања групата делувала прилично еднообразна, со светлоцрвена боја (бојни показатели B−V = 0,79 и V−R = 0,51, слична на Галската група)[1] and similar infrared spectra.[2] Меѓутоа, во поново време се покажало дека Ијирак е значително поцрвен од Палијак, Сијарнак и Кивиук. Покрај тоа, за разлика од другите три, спектарот на Ијирак не покажува слабо впивање близу 0,7 μм. Оваа одлика се должи на можна хидрација од вода.[3]
Спектралната еднообразност (со исклучок на Ијирак) одговара на тезата за настанок од првобитно тело, но распределбата на орбиталните параметри бара дополнителни образложенија. Неодамна објавените вековни резонанции меѓу членовите може да дадат образложение за распределбата по распрснувањето.
Во октомври 2019 г. е објавено дека се откриени уште две месечини во групата. Тие се дел од поголемото откритие на 20 месечини на Скот Шепард со телескопот „Субару“ на Мауна Кеја, сите со пречник од околу 5 км. Двете нови месечини од групата исто така ќе добијат ескимски имиња.[4]
Членови
уредиОва се членовите на групата, подредени по близина до Сатурн:
Наводи
уреди- ↑ Grav, Tommy; Holman, Matthew J.; Gladman, Brett J.; Aksnes, Kaare Photometric survey of the irregular satellites, Icarus, 166,(2003), pp. 33–45. Preprint
- ↑ Tommy Grav and Matthew J. Holman Near-Infrared Photometry of the Irregular Satellites of Jupiter and Saturn,The Astrophysical Journal, 605, (2004), pp. L141–L144 Preprint
- ↑ Tommy Grav and James Bauer A deeper look at the colors of Saturnian irregular satellites, Preprint
- ↑ Saturn surpasses Jupiter after the discovery of 20 new moons—and you can help name them, NASA, phys.org, 7 октомври 2019