Астероид од типот D

тип на астероид

Астероиди од типот Dастероид со многу мало албедо и безличен црвеникав спектар.[1] Се смета дека ваквите астероиди се богати со силикати, јаглерод и безводни силикати, и можеби со воден мраз во внатрешноста. Се среќаваат во надворешноста на астероидниот појас и подалеку; примери се 152 Атала и 944 Идалго, како и највеќето Јупитерови тројанци. Постои претпоставка дека метеоритот од езерото Тагиш во Канада е парче од астероид од типот D и дека Марсовата месечина Фобос е во блиско сродство со овие астероиди.[2]

Ничкиот модел претпоставува дека астероидите од типот D може да настанале во Кајперовиот Појас.[3] Денес се познати 46 астероиди од овој тип, вклучувајќи ги: 3552 Дон Кихот, 944 Идалго, 624 Хектор и 10199 Харикло.[4]

Примери

уреди

Еве некои поголеми астероиди од типот D:[4]

Име Класа Пречник
(км)
Утврд. на
пречникот
Категорија
SMASS Толен
267 Тирца D DU 52,68 ±3,1 IRAS главнопојасен астероид
279 Туле X D 126,59 ±3,7 IRAS надворешен главнопојасен астероид
336 Лакадира Xk D 69,31 ±2,4 IRAS главнопојасен астероид
368 Хајдеја D 69,61 ±2,2 IRAS главнопојасен астероид
624 Хектор D 250 ±25 непоср. сликање Јупитеров тројанец
721 Табора D 76,07 ±2,5 IRAS надворешен главнопојасен астероид
773 Ирминтрауд T D 95,88 ±1,8 IRAS главнопојасен астероид
884 Пријам D 110 ±10 апс. вел. Јупитеров тројанец
911 Агамемнон D 166,66 ±3,9 IRAS Јупитеров тројанец
944 Идалго D 38 ±5 апс. вел. кентаур
1143 Одисеј D 125,64 ±3,7 IRAS Јупитеров тројанец
1144 Ода D 57,59 ±2,2 IRAS надворешен главнопојасен астероид
1172 Енеј D 142,82 ±4,8 IRAS Јупитеров тројанец
1167 Дубјаго D 63,12 ±5,6 IRAS надворешен главнопојасен астероид
1256 Норманија D 69,22 ±2,8 IRAS надворешен главнопојасен астероид
1269 Роландија D 105,19 ±2,8 IRAS надворешен главнопојасен астероид
1578 Керквуд D 51,88 ±1,8 IRAS надворешен главнопојасен астероид
1583 Антилох D 101,62 ±3,2 IRAS Јупитеров тројанец
1746 Брауер D 64,25 ±4,9 IRAS надворешен главнопојасен астероид
1867 Дејфоб D 122,67 ±3,9 IRAS Јупитеров тројанец
2207 Антенор D 85,11 ±3,7 IRAS Јупитеров тројанец
2241 Алкатој D 114,63 ±5,8 IRAS Јупитеров тројанец
2311 Ел Леонсито D 53,14 ±3,0 IRAS надворешен главнопојасен астероид
2312 Дубошин D 54,94 ±3,2 IRAS надворешен главнопојасен астероид
2357 Ферекло D 94,90 ±4,3 IRAS Јупитеров тројанец
2363 Кебрион D 81,84 ±5,1 IRAS Јупитеров тројанец
2674 Пандар D 98,10 ±3,2 IRAS Јупитеров тројанец
2893 Перој D 87,46 ±6,9 IRAS Јупитеров тројанец
10199 Харикло D 302 ±30 н/п кентаур

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Fitzsimmons, A.; и др. (февруари 1994). „A spectroscopic survey of D-type asteroids“. Astronomy and Astrophysics. 282 (2): 634–642. Bibcode:1994A&A...282..634F.
  2. [1] Space.com via Yahoo News, Jan 19, 2014, "Potato-Shaped Mars Moon Phobos May Be a Captured Asteroid"
  3. McKinnon, William B. (септември 2008). „On The Possibility Of Large KBOs Being Injected Into The Outer Asteroid Belt“. American Astronomical Society. 40: 464. Bibcode:2008DPS....40.3803M. Посетено на 15 декември 2015.
  4. 4,0 4,1 „JPL Small-Body Database Search Engine: [spec. type = D (Tholen) or spec. type = D (SMASSII)]“. JPL Solar System Dynamics. Посетено на 10 август 2016.