Кајакарството во Македонија
Кајакарството во Македонија — спорт кој во Македонија со текот на годините добива сè поголема популарност. Кајакарството е управувано од страна на Кајакарската Федерација на Македонија.
Кајакарството во Македонија | |
---|---|
Земја | Македонија |
Раководното тело | Кајакарска Федерација на Македонија |
Репрезентација/и | Фудбалска репрезентација на Црна Гора |
Историја
уредиКајакарството во Македонија организирано се јавува со формирањето на првиот кајакарски клуб „Вардар” во Скопје во 1934 година на чело со Димитрије Ставриќ. По ослободувањето биле основани клубовите: „Стрмец” во Охрид (1948), „Црн Дрим” во Струга, „Пеликан” во Ресен, „Мирче Ацев” во Скопје.
Во 1949 година бил создаден Поморско-бродарски сојуз чие име било променето во Бродарски сојуз на Македонија во 1953година, во кој биле активни 34 бродарски друштва и клубови (1951). Формираниот Кајакарски Сојуз на Македонија (1966) бил поделен на посебни сојузи – за мирни и диви води (1975). Југословенското првенство на мирни води било организирано во Охрид (1948), а на диви води на Црн Дрим (1949). Во екипната конкуренција Македонија го зазела двапати третото место во Југославија (1948 и 1949) и еднаш второто (1950), а КК „Стрмец” третото место (1953) – сите на мирни води. КК „Мирче Ацев” од Скопје станал првак на Југославија на диви води (1957), а КК „Ластовица” од Скопје го освоил трипати првенството на Сојузната лига „Исток” (1971–1979). Значаен број на кајакари од Македонија станале прваци на Југославија и државни репрезентативци. На светските првенства биле освоени две четврти, на европските за јуниори едно трето, а на олимписките игри деветто место. Во Македонија биле одржани светски првенства во кајак на диви води во спуст и слалом (1975)[1].
Секоја година се организираат меѓународни натпревари на Илинденскиот кајак слалом на реката Треска. Турнирот за прв пат се одржал во 1969 година кога бил формиран Иницијативен одбор од 9 члена на чело со Мемед Шакир за основање на традиционални меѓународни кајакарски натпревари на диви води на реката Треска посветени на Илинден, националниот празник на Македонија. Благодарение на квалитетните материјални и кадровски услови, овој меѓународен натпревар е прифатен во годишниот календар на Меѓународната кајакарска федерација (ИЦФ). Овие натпревари се одржани 42 пати (до 2010)[1], со учество на кајакари од југословенските републики, од балканските и од европските држави.
Наводи
уреди- ↑ Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Кајакарството во Македонија“. Македонска енциклопедија. , книга I (А-Љ). Скопје: МАНУ. стр. 659. Text "series " ignored (help)